„Зошто Македонија да не ги заштити од зависност и предатори?“: Весна Петрушевска со петиција за ограничување на социјалните мрежи за децата
Весна Петрушевска покрена иницијатива која предизвика силен одек во јавноста, отворајќи ја темата за безбедноста на децата во дигиталниот простор.
Македонската актерка започна петиција со која бара конкретни законски измени и поефикасна заштита на малолетниците на интернет, поттикната од сопственото искуство како родител, но и од сè почестите случаи на врсничко насилство.
Преку платформата Change.org, Петрушевска цели да собере најмалку 10.000 потписи, со што би испратила јасна порака до институциите дека проблемот не смее повеќе да се игнорира.
Во фокусот на нејзините барања се ограничувањето на пристапот до социјалните мрежи за деца, построга регулација на онлајн содржините, како и воведување одговорност за дигиталното насилство.
Еве ја нејзината објава:
Сè почнува од некаде, мене ми требаат 10.000 потписи за нашите деца, црвено светло за сите политички партии ‼️‼️
Кликнете на линкот и оставете ваш глас✅Оваа платформа и инаку совршена за вакви иницијативи. Ако ова не можеме тогаш навистина ќе ми се потврди дека сте херои само на тастатура✅Има една мала забуна кај change.org само ако сакате да донирате✅тоа вообичаено прават за хумана акција ✅Јас не барам и не примам пари. Барам само ваша поддршка и потпис.✅Да расчистиме ✅✅✅✅
1.Австралија (Најстрог пример)
Во ноември 2024 година, Австралија донесе историски закон со кој се воведува целосна забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.
• Казна: Платформите (Meta, TikTok, X) се соочуваат со казни до 32 милиони евра ако не спречат деца да отвораат профили.
• Клучна разлика: Нема исклучок со дозвола од родител – забраната е апсолутна.
2. Франција
Франција донесе закон (т.н. „дигитално полнолетство“) со кој се бара социјалните мрежи да воведат верификација на возраста:
• Границата е 15 години. Под оваа возраст, детето мора да има експлицитна дозвола од родител.
• Дополнително, Франција воведе забрана за користење на мобилни телефони во основните и средните училишта за да се спречи сајбер-булинг.
3. Данска
Данска е многу гласна во ЕУ за кревање на границата. Нивната Влада веќе предложи:
• Зголемување на возраста за согласност за податоци од 13 на 15 или 16 години.
• Данска е првата земја каде што премиерката отворено повика на „целосно преиспитување на алгоритмите“ кои ги таргетираат децата.
4. САД (Одредени сојузни држави)
• Флорида: Донесен е закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 14 години, а за тие од 14-15 години е потребна дозвола од родител.
• Јута: Слични строги закони за верификација на возраст и „дигитален полициски час“ (забрана за користење на мрежите доцна навечер за малолетници).
Весна доби голема поддршка од интернет корисниците и од дел од познатите личности како Маја Кикириткова, Перо Антиќ и Сања Ристиќ.