Ријана предизвика лавина од коментари и критики со новата кампања за Диор.
За модната куќа, 38-годишната пејачка позираше гола држејќи ја во рацете ќеркичката Роки. Таа носеше само мала Диор чантичка на раката.
Додека едни ја пофалија Ријана за убавината и начинот на кој ја претставува мајчинската улога, други се прашуваа каква е поврзаноста меѓу голотијата, мајчинството и рекламирањето на луксузна чанта.
„Зошто голотија? Каква врска има тоа со рекламата?“, „Само затоа што е Ријана, никој не зборува за голотијата. Не можеше ли да носи облека за ова фотографирање?“, „Ја носи мајчинската улога како кралица“, „Кралица, мајка, божица, воин... ЖЕНА!“, „Бебето Роки заслужува и своја мала Lady Dior чанта“ – се дел од коментарите под видеото објавено од неа.
Кампањата е посветена на култната чанта Lady Dior, а фотографиите ги направи Сем Рок, под креативно водство на дизајнерот Џонатан Андерсон. Но останатите фотографии, Ријана и Роки се облечени во координирани модни комбинации, а на нив пејачката нежно ја бакнува ќерка си во челото.
Ова е и прво појавување на малата Роки во кампања за Диор, иако веќе има искуство пред камерите. Таа неодамна се појави и во празнична кампања на брендот Savage X Fenty, заедно со своите браќа Риза и Рајот.
Ријана, која е амбасадорка на Диор од 2015 година, во изјава за кампањата рече:
„Дамата е призма. На некој начин, светлината поминува низ призмата и станува повеќедимензионална, а секоја боја се покажува од различен агол. Не постои само еден начин на кој можеме вистински да се дефинираме“.