• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Злато, карбон, порцелан: Чевлар од Нови Сад создава луксузни штикли од 17.000 евра

26 ноември 2025, 14:13
  • cподели

Во срцето на Србија, во Нови Сад, чевларот Александар Брачер создава уникатни чевли какви што светот досега нема видено.

Од детска желба до реалност која фасцинира дури и на пистите во Париз, негово дело се луксузни чевли од јаглеродни влакна, злато и порцелан, кои се продаваат по цена од 17.000 евра по пар.

Александар Брачер Александар Брачер

„Како вљубеник во спортските автомобили и моторите, дојдов до идеја да направам штикла од карбон. Тој материјал инаку е познат во автомобилската индустрија по својата цврстина и леснотијата. Се покажа дека никој дотогаш во светот немал направено штикла од карбон, па одлучивме да бидеме први“ – рекол Брачер.

Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер

Ѓонот и рабовите на чевлите се позлатени со фино злато од 23,75 карати, детаљ кој внесува сјај со секој чекор. Порцеланот, рачно изработен и украсен со злато, додава ретка естетика и деликатност на изгледот. Штиклата од јаглеродни влакна, инспирирана од инженерството и моторите, е уникатен симбол на сила и софистицираност.

Александар Брачер

Процесот на дизајнирање и изработка на обувките од брендот „Alesari“ траел повеќе од пет години, при што само развојот на штиклата траел цели две години, со бројни тестирања и предизвици, како и потрошени десетици илјади евра.

Првичната замисла била цената на штиклите да биде околу 4.000-5.000 евра, но користењето на ексклузивни материјали ја зголемило вредноста на овие чевли до 17.000 евра.

„Секој пар е уникатен и се прави по мерка. За изработка на еден пар потребни се помеѓу три и шест месеци“ – објаснил Александар.

Чевлите веќе привлекоа внимание во Дубаи и на Париската модна недела, каде беа топло пречекани од модните експерти.

Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер Александар Брачер

Tags
луксуз

Најнови

  • Злато, карбон, порцелан: Чевлар од Нови Сад создава луксузни штикли од 17.000 евра

    Wed, 11/26/2025 - 14:13
  • 16 дена активизам

    Кампања „16 Дена активизам“: Обновена посветеност за ставање крај на родово-базираното насилство

    Wed, 11/26/2025 - 13:11
  • Време е за Black Friday во Skopje City Mall

    Wed, 11/26/2025 - 12:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.