• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жито Лукс со вредна донација го одбележува 70-годишниот јубилеј

4 јануари 2017, 16:19
  • cподели

Спирометри и инхалатори за Детската клиника и апарат за рано откривање на туберкулоза за Институтот за белодробни заболувања кај децатаво Козле, е најновата донација од Жито Лукс. Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, крајот на мината година го одбележа 70-годишниот јубилеј, а средствата ги пренасочи во оваа вредна донација.

Жито Лукс

„Идејата за одбележување на јубилејот со донација беше едногласно прифатена и поздравена од целиот колектив. Одлучувачки фактор за намена на средствата беше актуелниот период во кој се соочуваме со зголемена појава на респираторни инфекции, а особено фактот дека децата најмногу страдаат од истите. Затоа решивме да придонесеме за обезбедување на медицинската опрема што недостига на детските оддели на двете институции во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на на тие инфекции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

За Клиниката за детски болести, Жито Лукс донира инхалатори и спирометри, дијагностички апарати за рана детекција на респираторните заболувања кај децата како и можност од алергиски компликации.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, дневно се прегледуваат и по триста деца, а многу од нив дури и неколку месечни бебиња се хоспитализираат со бронхитис и други акутни респираторни инфекции. Донираниот апарат ќе помогне во рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии.

Водени од компаниската филозофија и општествено одговорна компонента во својата стратегија, Жито Лукс во континуитет спроведуваат донаторски кампањи со што се истакнува како компанија со активен и ангажиран однос во заедницата.

Tags
Жито Лукс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.