• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жито Лукс ја проширува Нутри програмата со нов леб и бисквити

21 декември 2016, 17:24
  • cподели

Познатиот бренд Нутри од Жито Лукс ги претставува новите Нутри интегрални и овесни бисквити и Нутри лебот со 6 семиња.

„Нутри линијата се покажа како навистина посакувана и погодна, посебно за потрошувачите со специфични барања, и токму затоа ја прошируваме со нови производи, во сегментот бисквити и во сегментот леб. Покрај што се вкусни, со својата висока хранлива вредност се погодни и корисни за секого. Внесувањето доволна количина витамини, диететски влакна како и протеини, претставува основа за здравје и енергија низ целиот ден, а новите производи од Жито Лукс токму тоа и го нудат“, изјавија од компанијата.

Жито Лукс

Нутри бисквитите со овесни снегулки и интегрално брашно се извор на витамини и минерали (витамини од Б групата, фосфор, магнезиум, калиум), како и извор на диететски влакна што придонесува за подобрена дигестија, одржување на правилна телесна тежина и други здравствени бенефити.

Интегралниот леб Нутри со 6 семиња е грижливо направен и содржи повеќе високо хранливи семиња: сончогледово семе, семе од тиква, ленено семе, сусам, просо и афион. Тој содржи големо количество растителни влакна и железо, ие извор на протеини, витамини и минерали (Е, Б1, Б3, Б6, фолна киселина, калиум, магнезиум и цинк), кои што се природно застапени и оттука полесни за апсорпција од човековото тело.

Жито Лукс како компанија со традиција и врвен квалитет, најстар и најголем производител на леб во земјава кој што оваа година го обележува својот 70 годишен јубилеј, со новите производи уште еднаш покажа дека ги следи најсовремените трендови, со цел да остане верна на потребите на потрошувачите.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.