Зимска роденденска бајка: Ирина и Павле Камилоски со весела прослава за првиот роденден на ќеркичката
Ирина и Павле Камилоски го прославија првиот роденден на малата Лена.
Познатиот пар се забавуваше со блиските пријатели и роднини, а малата славеничка изгледаше неодоливо.
Декорациите на забавата беа во стил на зимска бајка, па доминираа бела боја и снежни украси.
Македонската планинарка сподели фотографии и напиша:
Една година со неа во нашите животи. Побогати никогаш не сме биле.🥹
Lena’s first birthday party.
Меѓу гостите беа и нејзината добра пријателка Едина Муса со сопругот Александар Димитровски-Мачка и нивниот син Максим.
Лена е второто дете на Ирина и Павле, кои стапија во брак во февруари 2023 година, а го добија синчето Јосиф четири месеци подоцна.