• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Згодниот татко на Дуа Липа со фотографии од младоста ѝ го честиташе роденденот, му се придружија и сопругата и ќерката

25 август 2026, 08:21
  • cподели

Дуа Липа го прослави својот 31. роденден.

Меѓу првите личности кои ѝ упатија честитки на социјалните мрежи беа нејзините родителите Дукаѓин и Анеса и сестрата Рина.

Згодниот Дукаѓин, кој пред неколку години стана хит со изгледот, сподели неколку фотографии од младоста, а покрај нив ѝ упати и искрена роденденска порака.

Среќен роденден, Дуа ❤️

Те сакам толку многу и неверојатно сум горд на тебе.

Нека Божјата рака биде над тебе и нека те чува од секоја опасност.

Нека љубовта што им ја подаруваш на сите нас биде штитот што ќе те чува безбедна и среќна.

Среќен роденден, љубов моја ❤️- напиша тој.

Анеса објави фотографија на која Дуа е во невестински фустан и напиша:

Среќен роденден, Дуа!! ❤️✨❤️✨❤️

Толку сум горда на личноста што си и на сè што си постигнала. Нека животот ти ја врати сета љубов, добрина и среќа што им ја подаруваш на другите. Нека ова ново поглавје ти донесе безброј причини за насмевка и незаборавни моменти. Го заслужуваш сето љубов и радост на овој свет!

Те сакам!! Те сакам без крај!! ❤️- ѝ порача мајка ѝ.

Гордата Рина ѝ призна дека ја обожава и дека е пресреќна што е нејзина сестра.

Мојата најмила!!!! Засекогаш!!! ❤️

Најсреќен роденден, Ду! ❤️ Јас сум најсреќната девојка што те имам за сестра 🍀🍀 Те обожавам, те сакам многу! ❤️ - стои во објавата на Рина.

Tags
Дуа Липа
Дукаѓин Липа
Анеса Лпа
Рина Липа

Најнови

  • „Го изгубив целото мое семејство, имам болест...“: Кејт Бекинсејл возврати на коментарите дека е преслаба и го избриша Instagram профилот

    Tue, 08/25/2026 - 08:49
  • На 30-тиот роденден дозна дека е бремена, на 14-годишнината дека чека син: Николина и Благоја со слатка фотосесија ја споделија радоста

    Tue, 08/25/2026 - 08:40
  • Згодниот татко на Дуа Липа со фотографии од младоста ѝ го честиташе роденденот, му се придружија и сопругата и ќерката

    Tue, 08/25/2026 - 08:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.