Октај Сејди е новиот претставник на Македонија на Mister International.
Од организацијата Miss Macedonia објавија дека популарниот македонски стилист ќе отпатува во Тајланд и на 26 септември ќе ги носи македонските бои на една од најпрестижните меѓународни сцени за машка убавина.
Еве ја нивната објава:
Со гордост го претставуваме Oktay Seydi, кој оваа година ќе ја претставува Македонија на MISTER INTERNATIONAL 2026.
На 26 септември, во Тајланд, Oktay ќе застане рамо до рамо со претставници од целиот свет, носејќи ги македонските бои на една од најпрестижните меѓународни сцени за машка убавина.
Му посакуваме многу успех, самодоверба и незаборавно искуство на патот кон големото финале.
Македонија е подготвена за MISTER INTERNATIONAL 2026!✨
Неодамна, во интервју за Фемина, Октај зборуваше за своите успеси и сподели дека многу се гордее со она што го има постигнато во животот.
На помладата верзија од себе ѝ порача:
Би му кажал на малиот Оки „браво“ и би го гушнал силно дека верувал на себе, за денес овој Октај да го направи горд 🙏🏻.
Ништо не е невозможно, не слушај други. Само себе, својата интуиција и своите желби реализирај ги и само тогаш ќе си успешен.
Не може друг да одлучува за тебе, затоа што ти знаеш за себе најдобро како ти е кога ќе легнеш и кога се будиш. Сакај се себе.
