• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ниедно мислење на овој свет не ми е поважно од сопствениот жар за работа кој Бог ми го дал“: Октај Сејди за патот до успехот

19 мај 2026, 18:45
  • cподели
Октај Сејди

Ако поминете покрај неговиот салон, без оглед на денот или часот, ќе ја забележите истата слика: преполн простор, зуење на фенови и енергија која сведочи за еден етаблиран успех. Денес е силна асоцијација за беспрекорна шминка и фризура, но зад неговиот изграден бренд стои приказна за неверојатна посветеност и непоколеблива верба.

Октај Сејди не стана „ѕвезда преку ноќ“. Неговиот пат е мозаик составен од храбри одлуки донесени уште во најраното детство, борба против предрасудите со крената глава и жар за работа кој, како што вели самиот, му е даден од Бога. Младиот ентузијаст не чекаше шансата да му тропне на врата и самиот си ја создаде, тргнувајќи на патот кон врвот потпирајќи се на магијата во своите раце.

Од соработката со неговата омилена Каролина Гочева, па сѐ до соништата за светските сцени со Дуа Липа, Октај останува приземен, емпатичен и верен на својата интуиција.

Во интервју за Фемина, популарниот магионичар за разубавување нѐ води низ неговиот животен пат, зборува за моментите кога професијата станува мисија за враќање на нечија самодоверба и открива зошто е важно силно да го гушнеме „малиот јас“ во нас и да му кажеме: „Браво, успеавме“.

Октај Сејди
Октај Сејди

Какво беше твоето детство и дали уште тогаш покажуваше интерес за фризерството и модата?

Октај е истиот, ако ви кажам – дали ќе верувате? Истото дете прерасна денес во ова што сум пред вас. Оттогаш имав идеи кои, благодарение на Бога, една по една си ги реализирав и ќе ги реализирам допрва.

Како изгледаа твоите почетоци? Дали беше тешко да се пробиеш и што ти беше најголем предизвик?

Секој почеток е предизвик, но не значи дека ниедна планина не е минлива. Само верба во себе и сѐ е возможно.

Во тие рани денови, дали воопшто веруваше дека еден ден ќе станеш толку познат и баран?

Никогаш не се сомневав од талентот кој го имав, ама искрено секогаш сакав да прерасне во ова. Благодарен сум на сите, посебно на мојата фамилија и клиенти.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ok! Oktaj Sejdi (@oktaysey)

Колку поддршка имаше од дома? Како реагираа твоите родители на твојот избор на професија?

Секогаш веруваа во мене и беа до мене.  Јас едно ќе кажам, секој родител е среќен кога неговото дете ќе реди успеси и ќе ги прави тоа горди.

Октај Сејди со семејството

Дали се соочи со предрасуди поради тоа што го работиш или начинот на кој се изразуваш и како се справи со нив?

Предрасуди секогаш имало и ќе има, за жал во такво општество сме, но тоа не е мерило за вашиот успех. Јас едно нешто знам и тврдам: ниедно мислење на овој свет не ми е поважно од сопствениот жар за работа кој Бог ми го дал.

Октај Сејди
Октај Сејди
Се сеќаваш ли на моментот кога почувствува дека „успеа“, дека луѓето почнале вистински да ти веруваат?

Се сеќавам кога имав една ситуација каде клиентка боледуваше од болест, па имаше косопаст од терапии. Кога ѝ беше матура успеавме да направиме фризура поради која таа се чувствуваше удобно и како на сите останати изгледаше фризурата, па ми се заблагодари. Ме направи горд тоа што таа замина гордо на матурска вечер.

Кој беше првиот познат лик со кој соработуваше и како ти го смени тоа текот на кариерата?

Прв познат лик Каролина Гочева, со која и ден-денес соработуваме. Со оглед на сите други познати балкански ликови, таа ми е посебна и посебна ќе остане, затоа што е своја.

Октај Сејди со Каролина Гочева

Дали успехот те промени како човек или само ти помогна подобро да покажеш кој навистина си?

Успехот не може да ме промени во други насоки, може само да ми додаде на карактер. Благодарен сум до небо на сите.

Дали некогаш си зажалил за некоја одлука во кариерата, или со помислил да се откажеш?

Не сум зажалил, затоа што со интуиција реагирам и мислам дека имам направено правилни избори.

Октај Сејди

Дали имаш неостварена желба – светска ѕвезда на која би сакал да ѝ оставиш свој печат?

Имам да, Дуа Липа. Ја обожавам и верувам силно дека ќе имаме соработка.

Твојот стил е многу впечатлив. Дали тоа е природен дел од тебе или свесно граден имиџ?

Мојот стил е моја пасија, која природно ми доаѓа. Плус следам трендови и сум во тек со сѐ што е „ин“.

Октај Сејди
Октај Сејди

Кога не си во салон, што ти носи мир? Како изгледа Октај приватно и кое е твоето хоби надвор од работата?

Октај е истиот и во салон и надвор. Но, обожавам да патувам, се инспирирам и се враќам со поголеми сили на работа.

Ако денес можеше да му кажеш нешто на младиот Октај од почетоците, што би било тоа, и која е пораката која сакаш луѓето да ја запомнат од твојата приказна?

Би му кажал на малиот Оки „браво“ и би го гушнал силно дека верувал на себе, за денес овој Октај да го направи горд 🙏🏻.

Ништо не е невозможно, не слушај други. Само себе, својата интуиција и своите желби реализирај ги и само тогаш ќе си успешен.

Не може друг да одлучува за тебе, затоа што ти знаеш за себе најдобро како ти е кога ќе легнеш и кога се будиш. Сакај се себе.

Октај Сејди

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Октај Сејди

Најнови

  • Октај Сејди

    „Ниедно мислење на овој свет не ми е поважно од сопствениот жар за работа кој Бог ми го дал“: Октај Сејди за патот до успехот

    Tue, 05/19/2026 - 18:45
  • Becutan Sensitive SOS

    Becutan Sensitive SOS: Нежна формула за смирување и заштита на чувствителната кожа на најмалите

    Tue, 05/19/2026 - 14:40
  • Внуката на Дац прослави прв роденден, родителите објавија слатки фотографии од забавата

    Tue, 05/19/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.