Џесика Алба ужива во својата нова љубовна врска. 45-годишната актерка и бизнисменка беше на романтичен одмор во Италија со новиот партнер Дени Рамирез, во кого е среќно заљубена.
Холивудската ѕвезда сподели албум со фотографии од „бегството“ во идиличната Италија. „Ciao, Italy“ – напиша таа.
Алба објави и цитат од Марк Антони. „Да патуваш со некој кој го сакаш значи да го гледаш светот низ исти очи и заедно да се вљубите во него.“
Алба на почетокот на годинава стави крај на 16-годишниот брак со Кеш Ворен, со кого има три деца – ќерките Хевен и Хонор и синот Хејз.