• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Женското кооперативно здружување како одговор на насилството и економската несигурност: дискурзивна програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

12 јуни 2025, 06:26
  • cподели

На 12 јуни (четврток), со почеток во 12:00 часот во кафе-книжарницата Буква во Скопје, ќе се одржи дебата и промоција на публикацијата „Ткаење солидарност – од раце до срце: осмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување“. Настанот е дел од програмата на фестивалот за феминистичка акција и култура ПРВО ПА ЖЕНСКО #13, кој оваа година тематски се фокусира на заедничкото дејствување, алтернативните економии и феминистичките одговори на системската нееднаквост.

Ткаење солидарност

Програмата ќе ги отвори прашањата поврзани со женските кооперативи – нивниот историски и современ контекст, предизвиците со кои се соочуваат, но и потенцијалот за создавање одржливи и солидарни заедници во Северна Македонија и регионот. Настанот ќе послужи како простор за презентација на првото истражување за женските кооперативи во земјава, со кое се поставува темелот за подлабинска анализа на можностите за нивно воспоставување, развивање и поддршка како феминистички и економски модели на здружување.

Во дискусијата ќе учествуваат истражувачки, активистки и практичарки од различни области:

  • Лилјана Јоноски, докторандка по меѓународно право, извршна директорка на Рурална коалиција и ко-авторка на истражувањето, која речиси две децении работи на јакнење на жените од руралните средини;
  • Неда Чаловска-Димовска, магистерка по меѓународно право и експертка за родова еднаквост и антидискриминација, со над 13 години искуство во поддршка на маргинализирани жени;
  • Сара Миленковска, феминистичка организаторка и истражувачка од Коалиција Маргини, чии истражувања се фокусираат на колективната грижа како политичка практика и отпор кон неолибералната изолација;
  • Ана Џокич, архитектка и ко-основачка на кооперативи за домување, енергетика и финансирање во Србија и Холандија, која практично ја реобмислува моќта на заедницата;
  • Сузана Димитриевска, пионерка во органското земјоделство, со фарма што произведува и извезува органски производи, симбол на женско претприемништво и отпорност.

Настанот има за цел да иницира нови перспективи за развој на модели засновани на солидарност, доверба, грижа и социјална правда. Ќе се постават прашањата: Може ли женското кооперативно здружување да биде простор на ослободување? Дали кооперативноста е патот кон економска правда?

Присутните ќе имаат можност да слушнат и дискутираат за конкретни примери, практики и визии за иднина во која женската солидарност не е исклучок, туку основа за системска промена.

Настанот е отворен за јавноста и е особено релевантен за оние кои работат или се интересираат за родова еднаквост, алтернативни економски модели и градење заедници засновани на грижа.

Ткаење солидарност Ткаење солидарност Ткаење солидарност Ткаење солидарност Ткаење солидарност

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.