• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Жените се способни да направат што и да посакаат“: Жена се породи и дипломираше во 24 часа

23 мај 2023, 11:26
  • cподели

Млада мајка стана хит на интернет откако присуствуваше на нејзиното дипломирање 24 часа по породувањето.

Еби Бејлиф Еби Бејлиф

Еби Бејлиф се стекна со докторска диплома и стана мајка во период од неколку часа и доби многу аплаузи од целиот свет. TikTok видеото составено од нејзината сестра веќе има повеќе од милион прегледувања на популарната социјална мрежа.

@hannahpaigern and thats on girl power #superwoman #dnp #newmom #doctorate ♬ FLESH. - Fnatylqrd

Терминот за породување на новата мајка бил на 27 април и таа мислела дека ќе има доволно време за да се адаптира на новата улога пред да дипломира. Но, нејзиниот син имал други планови.

Еби Бејлиф Еби Бејлиф

Малиот Боди се родил на 3 мај во 3 часот попладне, а следниот ден во истото време била закажана церемонијата за доделување на дипломите.

„Секој ден во изминатите 40 недели си велев дека настанот се приближува повеќе и повеќе“ – рекла Еби и објаснила дека морала да се породи со провокации на 2 мај, бидејќи докторите биле загрижени за белите дробови на бебенцето.

„Се мислев дали да одам или не, бидејќи не сакав да бидам лоша мајка и да го оставам само што се вратив дома. Но, потоа помислив дека треба да го направам тоа. Мајка ми и сестра ми помогнаа да се подготвам“.

„Работев многу напорно за да го направам сето ова и да си ги остварам соништата и целите. Сето ова беше за Боди“ – објаснила среќната мајка.

Еби Бејлиф Еби Бејлиф

Бејлиф вели дека не сфатила колку многу постигнала сè додека не го видела TikTok видеото на сестра ѝ. Во тој момент се почувствувала како суперхерој.

„Жените се многу способни да направат сè што е потребно за да си ги постигнат целите, истовремено да се мајки и да имаат професионални цели“ – рекла таа.

Еби Бејлиф Еби Бејлиф

Во коментарите на TikTok се нижат честитки и пофалби за истрајноста, упорноста и посветеноста на Еби.

„Не знам дали сум била погорда за некој кој не го познавам“, „Никој друг освен жена нема да разбере колку нереално неверојатно е ова“, „Самото чекорење по 24 часа е неверојатно, а не пак на бината“ – се само дел од коментарите.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.