Зендаја мета на критики бидејќи не стана додека се поздравуваше со Брижит Макрон: „Основна култура е да станеш“
Зендаја се најде во центарот на вниманието по посетата на ревијата на Луј Витон во Париз, но не поради нејзиниот моден избор.
Популарната актерка седеше во првиот ред на модното шоу во Лувр кога ѝ пристапи Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон. Зендаја, која во тој момент разговараше со друг гостин, погледна кон Брижит и љубезно ја поздрави со насмевка.
Сепак, Зендаја остана седната додека се ракуваше со Првата дама на Франција.
Видео:
Постапката предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците сметаат дека Зендаја требало да стане кога Брижит ѝ пристапила.
„Мораш да станеш кога првата дама на Франција се обидува да те поздрави“ - напиша еден корисник, додека друг коментираше дека станувањето при поздравување е „основна култура“.
Други пак посочија дека реакциите се претерани и дека не постои правило според кое Зендаја задолжително морала да стане.
„Зошто би морала да стане?“ - праша еден корисник, додавајќи дека Зендаја била љубезна и ја поздравила со насмевка.
Иако едни во нејзиното однесување видоа недостаток на бон-тон, други сметаат дека станувало збор за спонтан момент и дека Зендаја едноставно била затекната неподготвена.
Холивудската ѕвезда на ревијата пристигна во впечатлива комбинација од класични фармерки, краток топ и бела јакна со чипка, која ја носеше и на филмска премиера во јули.
На ревијата во Лувр, креативниот директор на Louis Vuitton, Никола Жескјер, ја претстави колекцијата за пролет/лето 2027.
a girl must wear her pieces! zendaya re-wearing her custom louis vuitton jacket from the odyssey premiere in paris to the louis vuitton show 🪽 https://t.co/kOHVga9Uzi
— DUDA (@saintdemie) October 6, 2026