• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена со писмо до сосетката апелира луѓето да не бидат глуви на семејното насилство

17 декември 2018, 12:59
  • cподели

Жена напиша писмо до сосетката, која била жртва на семејно насилство, за да порача дека луѓето не смеат да бидат глуви на насилството и дека треба да се вмешаат.

Синди Дејвид, која и самата некогаш била малтретирана, го објави емотивното писмо за да ја подигне свеста кај луѓето за последиците од насилството.

Насилство

Драга сосетке,

Јас сум. Девојката од другата страна на твоите ѕидови. Онаа која се јави на 911 во 2.30 часот синоќа.

Онаа која те слушна како врескаш додека твојот алкохолизиран сопруг ти се дереше во бес под дејство на алкохол.

Јас сум онаа која ѝ кажа на полицијата дека имаш 5 деца. Посакувам да знаеше дека го ставам увото на ѕидот кога ти врескаш. Не ми е гајле за што се дерете, загрижена сум дека вашите деца се присутни, се грижам дека тие се малтретирани, се грижам дека тие се исплашени, се грижам дека овој пат... тој ќе ве убие. Срцето ми се кине кога ќе ги сретнам твоите плашливи деца на паркингот. Им покажувам љубезност со гласот на моите поздрави, знаејќи дека нивните очи никогаш нема да престанат да гледаат во земјата за да го пресретнат мојот поглед.

Посакувам да знаеше дека се молам за вас преку овие ѕидови и се молам да добиеш храброст да заминеш. Сакам да знаеш дека не жалам што се јавив. Не чувствувам ни трошка грижа на совест што ја прекинав вашата домашна кавга и би го направила тоа повторно без размислување. НЕ Е ОК.

Како личност која преживеала семејно насилство, срцето ми се стега секогаш кога ќе слушнам врескање од соседната врата. Имам добиено шлаканица пред пријателите на оној кој ме малтретираше, бев давена во трговски центар, ми се имаше дерено пред неговото семејство... и никој никогаш не се вмеша. Сакам луѓето да знаат дека треба да се вмешаат и да преземат мерки. Тоа НЕ се ситуации кога треба „да си ја гледаш работата“. Многу жртви се молат некој да ги слушне нивните вресоци и да им помогне. Биди таа личност. Твојата постапка може да спаси живот, или во најмала мера, ќе ѝ даде до знаење на жртвата дека не е сама, дека тоа не е во ред и дека некој конечно го слушнал нејзиниот плач.

Искрено,

Јас

Tags
семејно насилство

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.