• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена со облини упати искрена порака до сите кои ја прашуваа како успеа да „улови“ толку згоден маж

19 март 2018, 14:18
  • cподели

Џена и Дру Кучер деновиве станаа хит на интернет. Зошто? Поради разликата во градбата на нивните тела.

Имено, Џена постојано добивала пораки со прашања од типот како успеала да го „улови“ згодниот сопруг, со оглед на тоа што таа не била ни приближно фит и привлечна како него.

Американката, која по професија е фотографка, не дозволи злобните коментари да ѝ ја згазат самодовербата и со искрена порака им возврати на критичарите со цел да им покаже дека не треба да им судат на луѓето врз база на изгледот.

Кучер

Некој еднаш ми испрати приватна порака и ми кажа дека не може да верува дека сум успеала да „уловам“ толку згоден маж како мојот сопруг. Ќе бидам искрена дека тоа ме изненади.

Дел од мојата несигурност се вртеше околу тоа што сум омажена со „г. Плочки на стомакот“. Зошто јас, девојка со облини, да го имам него?

Во изминативе десет години, овој човек ги има прифатено секоја облина, секоја вдлабнатина и секој грам на моето тело и секогаш ме потсетува на тоа дека сум убава, дури и кога мојот внатрешен дијалог не вели така (и кога не сум се истуширала со денови).

Па да, бутовите ми се „бакнуваат“, рацете ми се големи, задникот ми е нерамен, затоа има повеќе од мене за тој да сака и јас го избрав мажот кој може да се справи со сето тоа (и многу повеќе!).

Јас сум многу повеќе од моето тело, и тој исто така, а и сите вие.

Кучер Кучер

Џена со години се борела со вишокот килограми, а откако имала два спонтани абортуси во период од две години, таа редовно ги споделувала своите чувства на социјалните мрежи. „Цел живот се мачам да го засакам своето тело, тоа започна уште од мали нозе кога бев гимнастичарка. Како жени, наш најголем страв е дека не сме доволно добри, дека нашите тела се скршени и откако поминав низ две загуби, навистина ми беше тешко да го прифатам телото... Се надевам дека жените можат да увидат дека можат да бидат сакани онакви какви што се и дека честопати приказните кои си ги кажуваме во нашите глави не се точни.“

Кучер Кучер

A post shared by JENNA KUTCHER (@jennakutcher) on Mar 12, 2018 at 4:30pm PDT

Tags
порака

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.