• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена од Јапонија научи да програмира на 81 година и сама создаде апликација за стари лица

4 септември 2023, 12:04
  • cподели

Годините се само обична бројка.

Доказ за тоа е Масако Вакамија, жена од Јапонија која научи да програмира во деветтата деценија од животот и создаде апликација за стари лица, привлекувајќи го вниманието на Тим Кук, директорот на Apple.

Масако Вакамија Масако Вакамија

Нејзиното патување во светот на технологијата започнало откако се пензионирала и била принудена да минува многу време дома за да се грижи за 90-годишната мајка. Чувствувајќи се осамено, одлучила да си купи компјутер.

Многу ѝ било тешко сама да научи како да го користи, па затоа побарала помош од лица кои добро управуваат со новата технологија. Набрзо, Масако го увидела недостигот на апликации, особено игри, за постари лица и решила да направи нешто во врска со тоа.

Ги замолила помладите дигитални креатори да направат апликација за неа, но тие ја одбиле велејќи ѝ дека не знаат што би сакале постарите и дека таа би требало да направи сама. И токму тоа и го стори.

На 81-годишна возраст, Вакамија научи да програмира и ја создаде Hinadan, апликација специјално наменета за постари лица. Играта има рејтинг 4,9, даден од повеќе од 100 илјади корисници.

Масако Вакамија Масако Вакамија

„Смартфоните станаа популарни, но тие не само што се екстремно тешки за користење, туку и нема никакви достапни апликации за нас старите да уживаме. Со помош на некои млади луѓе кои создаваат апликации, јас некако креирав игра за постари лица наречена Hinadan, која беше лансирана во 2016 година“.

„Еден ден добив мејл од седиштето на Apple во САД во кој пишуваше дека нивниот шеф сакал да се сретне со мене. Така присуствував на конференција во САД во 2017 година, каде го запознав Тим Кук и му кажав колку е тешко да се користат сегашните компјутерски екрани од нас постарите. Тој ми рече дека ќе се погрижи за тоа и ме прегрна“ – рекла Масако во интервју.

Масако Вакамија Масако Вакамија

Инспиративната жена сега држи предавања низ целиот свет.

„Правам различни работи. Се движам од едно место на друго секој ден и ретко го гледам истото место или истите луѓе двапати. Секој ден е авантура.“

„Како што стареете, може да изгубите многу нешта: сопругот, работата, косата, видот. Минусите се прилично многу. Но, кога ќе научите нешто ново, без разлика дали е програмирање или пијано, тоа е плус, тоа ве мотивира“ – додала таа.

Масако Вакамија Масако Вакамија
@nintee_official

This 87-year-old learned to code at 81 — her app has 100,000+ downloads!

♬ original sound - Nintee
Tags
Масако Вакамија
инспиративно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.