• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена им ја брише шминката на куклите и им дава реалистичен изглед

14 мај 2024, 08:25
  • cподели

Жена им дава поприроден изглед на куклите за тие да личат повеќе на девојчињата кои си играат со нив.

Соња Синг наоѓа исфрлени кукли или ги купува во продавници за втора употреба. Нејзин избор најчесто се куклите Bratz, на кои им ја отстранува шминката, а потоа наново им го слика лицето. Куклите на Соња немаат шминка, големи очи и неприродно големи усни и изгледаат многу пореалистично.

Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг

Талентираната артистка им ја менува и облеката, а новите алишта најчесто ги плете нејзината мајка.

Во своите почетоци, Соња немала никаква намера да стане вирален хит, но токму тоа се случило. Откако ги објавила своите креации на Tree Change Dolls, веднаш стекнала популарност.

„Не сум производител на кукли и немам намера да бидам, но ако мојата работа влијае на изборот на кукли кои некои од големите компании ги продаваат на пазарот, мислам дека тоа не е нешто лошо“ – вели таа.

Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг Соња Синг

Секое девојче ги смета куклите за свои пријателки додека расте и неретко се стреми да биде како нив. Токму затоа, проектот на Соња брзо се распространи меѓу родителите и тие ја опсипаа со нарачки на реалистични кукли.

Соња Синг Соња Синг Соња Синг

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.