• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Збогум, легендо: Почина Владо Јаневски на 65-годишна возраст

28 јуни 2026, 22:40
  • cподели

Владо Јаневски замина во легендите. Македонскиот пејач издиша за последен пат на 65-годишна возраст.

Според неофицијални информации, популарниот музичар починал по кратко боледување, во една од клиниките во Скопје во којашто се лекувал.

Владо Јаневски има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Јаневки беше првиот официјален претставник на Македонија на Евровизија со песната „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

На крајот на 2023 и почетокот на 2024 година, тој одбележа три децении соло кариера со серија од пет распродадени концерти во Филхармонијата под наслов „Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски“. Неговите традиционални летни настапи во Античкиот театар во Охрид (2024 и 2025 година) беа масовно посетени, а еден од последните негови јавни настапи беше во март 2026 година, како специјален гостин на концертот на Весна Писаровиќ во Скопје.

Неговиот следен концерт требаше да биде во август оваа година во Охрид.

Tags
Владо Јаневски

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.