• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Затоа што превенцијата е половина здравје: ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ организира бесплатни дерматолошки прегледи

17 јули 2023, 11:20
  • cподели

Како дел од кампањата за подигнување на свеста за женското здравје, компанијата ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ за прв пат оваа година организира бесплатни дерматолошки прегледи за сите посетители на плажата Golden Beach во Охрид.

Под слоганот „Следи го својот ритам“, овој јули, dm ја започна овогодинешната кампања посветена на женското здравје, во склоп на која ќе организира бесплатни дерматолошки прегледи на плажата Golden Beach во Охрид. Настанот ќе се одржи на 22 јули, од 10 до 14 часот и ќе биде отворен за сите заинтересирани.

Сите кои имаат желба и потреба ќе можат бесплатно да направат дерматолошки преглед, како и да добијат стручни и корисни совети за кожни заболувања од страна на дерматолозите.

Следи го сопствениот ритам

„Бројот на кожни заболувања секоја година станува сѐ поголем и затоа е важно да се разбуди свеста на јавноста за овој проблем. Ова е една одлична иницијатива на dm, по која се надевам дека многумина ќе ја сфатат важноста на редовните дерматолошки прегледи и заштитата на кожата од сончевите зраци“, изјави Д-р Александра Лазаревска, специјалист по дерматовенерологија, која ќе биде едно од стручните лица присутни на настанот.

Еден од најдобрите начини за превенција на прекумерното изложување на сонце е едукацијата од мали нозе и стекнувањето на добри навики. Па затоа, dm на плажата Golden Beach, освен дерматолошки прегледи, ќе организира и забава за најмалите кои ќе можат на интересен начин да се информираат за тоа како е најбезбедно да си играат под сонцето!

Соодветната нега и заштита на кожата е само една од многуте теми кои ги опфаќа кампањата за женско здравје на dm, која ја слави различноста на жените и има за цел поддршка на сите припаднички на женскиот пол, преку зајакнување на инклузивноста и разбивањето на застарените бариери во општеството. Од компанијата, во којашто 90 проценти го сочинуваат женскиот колектив, порачуваат дека ова е само уште еден начин да продолжат да ја инспирираат заедницата на позитивни промени и здрави навики. „dm, како компанија, постојано и на разни начини поддржува иницијативи за унапредување на здравствената заштита. Како дел од една поголема кампања насочена кон женското здравје, оваа година се одлучивме да спроведеме иницијатива за бесплатни дерматолошки прегледи, со што сакаме посебно да ја потенцираме клучната улога на превентивните прегледи и преку нив да ја подигнеме свеста за целокупното здравје на жените.“ – изјавија од компанијата во врска со организацијата на овој настан.

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.