• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Заштита на безбедносен пропуст на Android: Телеком привремено го пренасочува примањето на MMS како SMS

7 август 2015, 12:20
  • cподели

Според известувањата од медиумите, Android уредите моментално се засегнати од безбедносен пропуст. Американски истражувач открил безбедносен пропуст во една компонента од системот („Stagefright“ и други) која се користи за пуштање на медиа фајлови. Сите Android уреди можат да бидат засегнати, независно од мрежниот оператор. Безбедносниот пропуст влијае на медиа фајловите независно од тоа како се примени (преку MMS, WhatsApp, Hangouts, Facebook, YouTube итн.) Криминалната злоупотреба може да се изврши преку отворени медиа фајлови (аудио, видео, фотографија) кои биле примени преку која било услуга. Потоа, тој софтвер (malware) може да се дистрибуира преку листата со контакти на уредот.

За да ги заштити своите корисници, Македонски Телеком привремено ќе изврши префрлање од автоматско во мануелно симнување на MMS пораки со видео содржина. Како резултат на овaа промена, потенцијално инфицираните MMS пораки веќе нема автоматски да се симнуваат без никаква активност на корисникот.

Кога ќе добијат MMS, корисниците ќе добијат SMS со порака и линк. Содржината на MMS-от може да се добие преку линкот и со потврдување на внесените податоци за најава. И покрај тоа, фајлот би можел да биде инфициран и затоа корисниците треба да бидат внимателни при симнувањето и отворањето на фајловите - што важи за сите медиа фајлови.

Македонски Телеком работи со своите добавувачи на изнаоѓање на начин за затворање на овој безбедносен јаз. Веднаш штом ќе се најде решение, повторно ќе ги вратиме „нормалните“ подесувања за испраќање на MMS.

Телеком
Tags
Македонски Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.