Заслужена победа: Свен Поцрниќ се трансформираше во Марија Шерифовиќ и феноменално ја отпеа „Молитва“
Свен Поцрниќ е големиот победник на најновата сезона на хрватското шоу „Твоето лице звучи познато“.
Во финалната емисија на музичкиот спектакл, 25-годишниот Хрват ја воодушеви публиката и жирито откако се трансформираше во Марија Шерифовиќ и ја изведе евровизиската победничка песна „Молитва“.
Во текот на целата сезона, Поцрниќ важеше за еден од најсилните кандидати, а пред големото финале, зад себе веќе имаше четири неделни победи.
Сепак, токму настапот како Марија Шерифовиќ му го донесе конечниот триумф. Неговата интерпретација беше толку уверлива, што на социјалните мрежи многумина коментираа дека за момент помислиле дека навистина настапува српската пејачка.
Еве што напиша по крајот на сезоната:
Што се случи штотуку? 😳
Ајде вака... ме беше страв.
Се плашев дека со влегувањето во финалето, целото уживање кое си го поставив како главна цел додека учествував во шоуто ќе се претвори во притисок. Но радоста и исполнетоста што ги почувствував само поради фактот што добив можност за ваков настап беа толку силни, што целиот притисок околу тоа што „треба“ да постигнам едноставно исчезна.Благодарам на жирито, на моите неверојатни колеги, на креативниот тим...
Благодарам и на сите вас што го следевте ова прекрасно патување, бидејќи без вас ништо од ова немаше да биде возможно.
И на крај...
Благодарам тебе, мал Свен.
Затоа што веруваше дека чуда се можни.
Се исплашив дека некаде по пат те изгубив, но еј, пријателе мој...
Погледни што направивме! 😍❤️
По победата, Свен призна дека на почетокот воопшто не размислувал за освојување на првото место. Влегол во шоуто со желба да се забавува и да им приреди добри настапи на гледачите, а конкуренцијата ја сметал за исклучително силна.
Како најтешка трансформација ја издвои онаа во Бритни Спирс, а настапот како Каарија го смета за пресвртница во своето учество.
Поцрниќ најголема поддршка имаше од семејството и верницата Марија.
Еве дел од неговите изведби: