• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Започнува овогодишниот Coca-Cola фудбалски куп

15 мај 2014, 09:31
  • cподели

Coca-Cola фудбалскиот куп на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи продолжува и годинава. Со одигрување на натпревари низ Македонија, учесници во турнирите во фудбал ќе бидат 1.500 ученици од 100 основни и средни училишта од 12 општини од цела Македонија.

Coca Cola куп

Целта на Coca-Cola фубалскиот куп веќе трета година по ред останува непроменета: создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава.

Цено Александровски, претставник на меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи, партнер во проектот, по повод почетокот на Coca-Cola фубалскиот куп 2014г., изјави: „Од година во година интересот кај младите расте, а со тоа се зголемува и бројот на училишта и општини кои учествуваат во проектот. Младите сакаат да се активни бидејќи преку фудбалскиот турнир и другите спортски активности учат дека спортот е и забава, начин за водење здрав живот како и можност за дружење и градење на спортски дух. Ентузијазмот на децата е потврда дека сме на добар пат во создавањето млади поколенија свесни дека практикувањето спортски и физички активности значи здрав начин на живеење.“

Coca-Cola фудбалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.

Учесниците се на возраст од 13 до 16 години, ученици во основните и средни училишта од општините ширум Македонија. Официјалниот почеток на турнирот е на 14 мај, а завршува со полуфиналните и финалните натпревари кои ќе се одиграат на 31 мај во Градскиот парк во Скопје.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.