• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Започна пријавувањето за 12-тото издание на најпознатата „Авицена Женска Трка“

20 февруари 2024, 21:41
  • cподели

„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Традицијата продолжува и оваа година, кога во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 7ми април ќе се одржи 12-тото издание на „АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“.

Авицена Женска Трка

Пријавувањето за трката започнува од 20.02.2024 и ќе трае до 02.04.2024 и право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст.

Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“ со должина од 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Сите дами кои ќе учествуваат на овогодинешната „Авицена Женска Трка“ своите стартни броеви и стартни пакети ќе може да ги подигнат на 5ти и 6ти април, од 11.00 до 18.00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2024“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/.

Авицена Женска Трка

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.