„Титаник“ е прогласен за најдобар женски филм на сите времиња. Во онлајн анкета инспирирана од Св. Валентин, „Титаник“ доби најмногу гласови и ги победи другите романтични филмови како „Pretty Woman“ и „Dirty Dancing“.
Како и повеќето идни невести, Хелен Манка се двоумела при изборот на венчаница, па за да не погреши, купила 18 невестински фустани. Таа дури и не успеала да ги облече сите на свадбата и се појавила „само“ во девет венчаници.
Можеби лавот се нарекува крал на животните, но дури и тој ја наведнува главата кога лавицата има нешто да каже. Погледнете ги интересните фотографии и дознајте ја целата приказна.
Неколку недели пред Св. Валентин, во Токио беше презентирана нова „чоколадна“ верзија на Mercedes Smart. Погледнете како изгледа „чоколадниот“ автомобил.
Сопственичката на кучето со човечка насмевка повторно му приреди роденденска забава за да улови со својот фотоапарат уште една од неговите популарни насмевки.
Светот го обиколи веста дека за хороскопот да биде точен, треба да бидат направени промени и да биде воведен нов 13-ти знак. Вистината е дека ова не важи за системот што го користи Западната астрологија, па слободно продолжете да си го читате хороскопот за знакот што си го знаете цел живот.
Инспириран од јапонско истражување кое покажало дека мирисот на пари ја зголемува ефикасноста на вработените, Патрик МекКарти решил да создаде парфем со мирис на пари. Парфемот „Money“ го има и во машка и во женска верзија, т.е. „His Money“ и „Her Money“.
Според истражувањето „Famed Hottest Looks“ за 2010 година, жените како најпосакувано го посочиле телото на Жизел Бундхен, најпосакуван нос е оној на Натали Портман, а најпосакуваните усни ги поседува Скарлет Јохансон.
Американецот Тед Вилијамс е бездомник со неверојатен глас кој очигледно е роден за на радио. Тој заработува за леб на автопат во Охајо, каде луѓето му даваат по некој долар за да го слушнат неговиот „златен“ глас. Погледнете го видеото кое стана голем интернет хит.
Нема човек кој не би воздивнал на слатките бебиња од фотографиите на Ивон Ват и Фиона Потер. Тие решиле да ја овековечат убавината на бебињата кога се најмали, на возраст од 6-14 дена.