Во емисијата „60 Minutes“ беа претставени 5 од 6-те надарени Американци кои имаат „супериорна автобиографска меморија“ којашто им овозможува да се сеќаваат на детали од скоро секој ден од нивниот живот.
Инспирирана од желбата на многу жени да ги следат своите љубовни партнери, Британката Ребека Сатон создала женска детективска агенција. Нејзината агенција дури нуди и услуга за поставување на „стапица“, наменета за жени кои сакаат да дознаат дали партнерот би ги изневерил ако има можност за тоа.
Британски пар успеал да го фотографира крајот на една интересна брканица на мачка и глушец. Нивниот 14-месечен мачор се заглавил во новогодишната елка бркајќи глушец кој успеал да се искачи на врвот на елката.
Кејти Фар, чиј коефициент на интелигенција е 140, е новата носителка на титулата Miss World University. 24-годишната Британка победила 42 други учеснички откако го импресионирала жирито не само со својата убавина, туку и со својата интелигенција.
Мајк Томпкинс е еден од ретките музичари кои секогаш се оригинални и забавни. Тој произведува различни звуци користејќи ја единствено својата уста, а потоа со помош на монтирање создава интересни верзии на познатите хитови. Погледнете како изгледа неговата верзија на „Only Girl“ од Ријана.
Даг, кучето кое се смета за најгрдото куче во Велика Британија, конечно доби свој дом. Двегодишното куче кое е полуслепо и има искривена вилица и заби веднаш ги освоило симпатиите на едно добродушно семејство и станало нивно милениче.
Во еден луксузен хотел во Абу Даби е поставена веројатно најскапата новогодишна елка на светот. Елката чини 11 милиони долари и е украсена со накит со дијаманти, смарагди, сафири, бисери и други скапоцени камења. Погледнете ја овде.
Списанието TIME денес го прогласи Марк Цукерберг за личност на годината. 26-годишниот основач на социјалната мрежа Facebook ја добил оваа чест затоа што фундаментално го променил начинот на којшто луѓето се поврзуваат едни со други.
Секоја минута на YouTube се поставуваат видео материјали со времетраење од 35 часа, а во текот на 2010г. вкупно биле „качени“ 13 милиони часа видео. Еве кои се 10-те најгледани видеа за годината што изминува.
Новата божиќна реклама на брендот за долна облека La Senza привлече големо внимание и веќе има над 1 милион кликови на YouTube. Во видеото, седум девојки ги пеат нотите на божиќната песна „Deck the Halls“, во зависност од големината на својот градник. Погледнете ја рекламата овде.
Вчера во Москва беше презентиран најновиот календар на Pirelli. Календарот е дело на познатиот моден дизајнер и фотограф Карл Лагерфелд и содржи 36 црно-бели фотографии од 20 модели и актерката Џулиен Мур, претставени како голи богови и божици.
Модниот бренд United Bamboo и оваа година го издаде својот календар со мачки облечени во нивни креации. Погледнете како 12-те мачки и мачори гордо позираат во модерната облека.