Книгата „What Every Man Thinks About Apart From Sex“ е апсолутен хит во Британија. Големата популарност не се должи на она што го пишува во книгата, туку на она што не го пишува. Книгата има 200 страници и сите тие се празни, што алудира на фактот дека мажите не мислат на ништо друго освен на секс.
Многу жени на возраст од 23 години сметаат дека им е рано да станат мајки, но Рифка Станеску на 23 години станала баба, пишува британскиот весник The Sun. Прочитајте повеќе.
Просечниот жител на Земјата е маж, има 28 години и е Хан Кинез. Постојат дури 9 милиони луѓе што одговараат на овој опис, а од National Geographic споиле 190000 фотографии за да го добијат најтипичното лице на планетата. Погледнете го овде и прочитајте уште неколку интересни податоци.
Обидувајќи се да го расположи својот 10-месечен син Мика, таткото Маркус започнал да кине едно од писмата во кое ја одбиваат неговата апликација за работа. При секое кинење на писмото, симпатичното бебе ужива и се смее хистерично на големо задоволство на неговиот татко. Погледнете го видеото овде.
Провокативната сцена од филмот „Basic Instinct“, во која Шерон Стоун ги подраширува нозете облечена во краток бел фустан, е најпаузираната филмска сцена. Погледнете ја овде и видете ги другите сцени кои се најдоа најгоре на листата.
45-годишна Американка решила да ѝ организира на својата ќерка роденден од соништата и потрошила 32000 долари за магичната прослава од бајките. Но, нејзината 6-годишна ќерка се налутила и ја одбила тортата затоа што била украсена со виолетова птица, наместо со сина. Погледнете го видеото.
Запознајте го најголемото семејство на светот! Семејството на Зиона Чана брои 181 член. 67-годишниот Индиец има 39 жени, 94 деца, 33 внуци и 14 снаи, а сите тие живеат под еден покрив.
YouTube е местото каде што се раѓа популарноста на многу ѕвезди. Новата музичка сензација за којашто допрва ќе се зборува е 10-годишната Хедер Расел. Погледнете го нејзиното видео.
По повод Св. Валентин, 14 парови од Тајланд пред два дена започнаа да се бакнуваат со цел да го срушат Гинисовиот рекорд за најдолг бакнеж. Најиздржливиот пар успеа да ги држи усните споени дури 46 часа, 24 минути и 9 секунди и со тоа постави нов Гинисов рекорд.
„Титаник“ е прогласен за најдобар женски филм на сите времиња. Во онлајн анкета инспирирана од Св. Валентин, „Титаник“ доби најмногу гласови и ги победи другите романтични филмови како „Pretty Woman“ и „Dirty Dancing“.
Како и повеќето идни невести, Хелен Манка се двоумела при изборот на венчаница, па за да не погреши, купила 18 невестински фустани. Таа дури и не успеала да ги облече сите на свадбата и се појавила „само“ во девет венчаници.