• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

7-милијардитото бебе се роди денес

31 октомври 2011, 00:41
  • cподели

Денес светското население достигна 7 милијарди жители! Обединетите Нации го избраа денешниот ден како симболичен датум на кој ќе се означи заокружувањето на популацијата на 7 милијарди.

Иако е невозможно да се определи кога и каде е роден специјалниот жител (и дали воопшто е роден досега), Филипините веќе го прославија раѓањето на симболичното 7-милијардито бебе.

Даница Меј Камачо била родена две минути пред полноќ и неофицијално се смета за 7-милијардитото бебе. „Таа изгледа толку убаво. Не можам да поверувам дека таа е 7-милијардитиот жител“ – изјавила мајката на Даница.

Даница со својата мајкаДаница лежи спокојно на градите на својата мајка, додека медицинско лице ја држи славеничката торта

Бебето било пречекано од бројни телевизиски екипи и новинари, а претставници на Обединетите Нации им подариле мала торта на родителите.

Малото девојче е само едно од неколкуте бебиња кои ќе добијат ваква симболична титула.

Филипините се наоѓаат на 12-тото место според бројот на жители. На прво место е Кина со население од 1,35 милијарди жители, а зад неа е Индија со 1,24 милијарди.

6-милијардитиот жител се роди пред 12 години, кога Аднан Мевиќ од Сараево ја доби симболичната титула, а неговите родители тогаш добија честитки лично од Кофи Анан.

Аднан со својата мајкаАднан со својата мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.