Ханде Ерчел и годинава не го пропушти престижниот Кански филмски фестивал.
Турската актерка присуствуваше на премиерата на филмот „La Vie D'Une Femme“ (A Woman's Life) и освои само комплименти од модните критичари.
Атрактивната ѕвезда на црвениот тепих зачекори во златна креација од брендот Sophie Couture, која совршено ја истакна нејзината фигура.
Ерчел внесе дополнителна доза на гламур и луксуз додавајќи ефектен колоритен накит од Pomellato, бренд со кој соработува неколку години.