• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

8 јануари 2026, 12:45
  • cподели

Анџелина Џоли уште еднаш ја покажа својата хуманост со посета на палестински деца кои се лекуваат во болница во Египет.

50-годишната актерка беше трогната од кошмарните приказни на децата за загубата на родители, роднини и пријатели. Меѓу нив беше и 9-годишниот Шади, кој беше извлечен од под урнатините и во моментов чека операција. Со солзи во очите, тој ѝ рече на Џоли: „Мајка ми беше убиена“.

„Многу ми е жал за сè низ што помина. Ти си многу храбар и имам огромна почит кон тебе. Верувам дека ќе пораснеш во голем човек, затоа што си преживеал толку многу“ – му одговори Џоли.

16-годишната Римас на Анџелина ѝ раскажа дека поминала 5 месеци во болница во Газа, откако инфекцијата на нејзината повредена нога се влошила и лекарите размислувале за ампутација. Благодарение на лекарите во Египет, нејзината нога била спасена.

„Благодариме што дојде. Тоа ни покажува дека во светот сè уште постои човечност и луѓе на кои им е грижа за нас“ – ѝ порачале децата.

Анџелина Џоли изјавила дека ѝ е чест што ги запознала и изразила надеж дека во иднина ќе имаат можност да живеат во мир.

Посетата беше организирана од непрофитната организација International Network for Aid, Relief and Assistance (INARA).

Tags
Анџелина Џоли

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.