• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заглавен во институциите

29 октомври 2020, 11:39
  • cподели

На почетокот на ноември ни се заканува медиумски мрак

И покрај сите напори на операторите да се реши проблемот со спорниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги решение сè уште нема. На 8 ноември истекува рокот за пререгистрација на каналите предвиден со Уредбата за измена на Законот донесена во време на вонредна состојба.

По истекот на рокот, операторите ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, освен јавниот програмски сервис МТВ што ќе значи информативен мрак и ненадоместливи последици за граѓаните, слободата на медиумите и слободниот пристап до информации, индустријата за електронски комуникации, но и за државата.

Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

И покрај конфузијата која произлезе од донесувањето на овој Закон, решение постои, но е заглавено во институиите. Операторите поднесоа Иницијатива до Уставниот суд во февруари годинава за оценување на уставноста на овие одредби од Законот, за што Уставниот суд сè уште нема донесено одлука. Постои и друга солуција, односно бришење на спорните членови од Законот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно, ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“ - Благој Христов, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија каде членуваат сите оператори.

Спорните членови во Законот за медиуми, донесени на почетокот на годинава, им наметуваат на операторите обврска да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Тоа значи дека на операторите им се наметнува одговорност за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано, спротивно на Уставот и не постои во ниту една држава во рамките на Европската Унија.

Доколку наскоро власта и институциите не го решат проблемот, граѓаните ќе останат без телевизиска понуда и информации, што е особено загрижувачки во време на ковид криза, кога информациите голем дел од граѓаните ги црпат токму преку телевизиските вести и другите програми.

Tags
Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.