• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Заедно создаваме нови почетоци“ – Newborn Clinic ќе донира од секоја приватна ин витро процедура за поддршка на СОС Детско село

1 јуни 2026, 15:23
  • cподели

На Меѓународниот ден на детето, со огромно задоволство ја најавуваме официјалната соработка и почетокот на хуманитарната кампања помеѓу водечкиот ин витро центар Newborn Clinic и СОС Детско село Македонија. Под главниот слоган „Заедно создаваме нови почетоци“, оваа двомесечна иницијатива има за цел да ја поврзе симболиката на новиот живот со поддршката и грижата за децата и младите без родителска грижа.

Она што ја прави оваа кампања особено значајна е нејзиниот директен и конкретен хуманитарен механизам: во текот на месеците јуни и јули, за секоја реализирана приватна ин витро (IVF) процедура, Newborn Clinic ќе одвојува и донира средства наменети за поддршка на работата и делувањето на СОС Детско село. На овој начин, секое семејство кое го започнува својот пат кон родителството, станува дел и од поширока мисија за поддршка на децата и семејствата на кои таа поддршка им е најпотребна.

„Во Newborn Clinic секојдневно сме сведоци на чудото наречено нов живот и на огромната храброст и желба на луѓето да станат родители. Но, нашата мисија не завршува во моментот кога ќе се роди едно бебе. Ние веруваме дека одговорноста на општеството е да му обезбеди на секое дете сигурна средина во која ќе расте и ќе се развива. Преку одвојувањето средства од секое приватно ин витро, сакаме директно да придонесеме кон тоа децата поддржани од СОС Детско село да имаат топлина, љубов и еднакви можности за безбедно детство. Истовремено, преку оваа кампања сакаме и нашите пациенти да почувствуваат дека започнувајќи го својот пат кон родителството, тие веќе прават едно прекрасно, добро дело и за некое друго дете кое веќе постои и има потреба од поддршка. Соработката со СОС Детско село е природен чекор за нас – бидејќи заедно навистина создаваме нови почетоци“, изјави раководниот тим на Newborn Clinic.

Врската помеѓу центарот и децата поддржани од СОС Детско село има своја претприказна која доаѓа директно од срцето на тимот и веќе бележи конкретни дела. Надоврзувајќи се на досегашната поддршка, зад која стои значајна институционална донација од страна на Newborn Clinic, вработените дополнително и самоиницијативно се вклучија преку индивидуално донаторство, покажувајќи ја својата лична хумана страна. Како дел од тие претходни дружења, тимот неодамна ги однесе децата на театарска претстава – настан кој дополнително ја зацврсти желбата оваа поддршка да прерасне во долгорочна соработка.

„За нас, ова партнерство има особено силна симболика – затоа што зборува за нови почетоци, надеж и иднина. Додека Newborn Clinic им помага на семејствата да го започнат своето родителско патување, заедно испраќаме порака дека секое дете заслужува љубов, сигурност и можност да расте во безбедна и поддржувачка средина.

Особено нѐ радува што оваа кампања ги поврзува хуманоста, семејството и солидарноста на еден искрен и автентичен начин, а уште повеќе што зад неа стои тим кој веќе покажа вистинска грижа и посветеност кон децата и младите кои ги поддржуваме“, изјавија од СОС Детско село Македонија.

Кампањата ќе се реализира во текот на јуни и јули, а покрај комуникацијата на дигиталните канали, во рамки на кампањата се предвидени и заеднички активности, едукативни содржини и дружења помеѓу тимот на клиниката и децата, со цел создавање на искрени и значајни искуства.

Tags
Њуборн Клиника
СОС Детско село

Најнови

  • „Заедно создаваме нови почетоци“ – Newborn Clinic ќе донира од секоја приватна ин витро процедура за поддршка на СОС Детско село

    Mon, 06/01/2026 - 15:23
  • „Лука да не те нервира, брчки да не се напраиш“: Тијана Дапчевиќ и Катарина Ивановска со роденденски честитки за Тамара Тодевска

    Mon, 06/01/2026 - 15:17
  • dm сончева козметика

    Летна нега, заштита и исончан тен по поволни цени? dm има понуда што вреди да се провери пред плажа

    Mon, 06/01/2026 - 14:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.