„Заедно можеме да направиме разлика“: Клиниката „Жан Митрев“ ја поддржа иницијативата #pedal4pink
Во склоп на активностите за одбележување на Месецот за подигање на свеста за рак на дојка, тим од „Жан Митрев Клиника“ ја поддржа иницијативата #pedal4pink.
Имено, истакнатиот кардиоваскуларен хирург д-р Никола Христов ќе биде дел од екипата велосипедисти кои ќе ја возат захтевната тура на покана од Американската амбасада во Скопје.
„Им благодариме на сите кои се вклучија за поддршка на значајна кауза – да ја подигнеме свеста и да помогнеме да се надмине стигмата за ракот“ – порача амбасадорката Ангела Агелер.
