• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„За вас, нашите ангели“: Повредените во пожарот во Кочани испратија балони кон небото во чест на загинатите

25 јуни 2025, 09:09
  • cподели

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани зеде 62 жртви и остави длабока трага врз стотици животи.

Дел од повредените личности, кои се наоѓаат на рехабилитација на Пониква, се обединија за да им оддадат почит на оние кои не успеаја да ја преживеат кобната ноќ.

Во видео објавено на социјалните мрежи, повредените пуштаат 62 бели балони кон небото во знак на почит кон загинатите и држат порака на која пишува „Почивајте во мир“.

Со видеото е објавено и трогателно писмо:

Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души.

Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што не поминува, но и на една љубов што никогаш нема да згасне.

За вас, нашите ангели – ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш.

Но и ветување – дека никогаш нема да ве заборавиме. Вашите имиња се врежани во нашите срца. Вашите насмевки се нашето светло. Вашиот спомен е нашата сила.

Ќе живееме за вас. Ќе зборуваме за вас. Ќе се бориме за вистината и за правда – во ваше име.

Почивајте во мир, мили наши. Секогаш ќе бидете со нас – во секоја солза, во секој здив, во секој чекор.

Повредените во пожарот

Најнови

  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Ангела Дончева

    „Тешките времиња не се казна, туку се дел од патот“: Инспиративната Ангела Дончева отворено за борбата со леукемијата

    Wed, 03/04/2026 - 13:20
  • 50 години? Шарлиз Терон атрактивна во мини здолниште на ревијата на Диор во Париз

    Wed, 03/04/2026 - 11:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.