• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„За Томче да се исправи на нозе“: Апел за помош на битолчанецот кој остана парализиран по тешка сообраќајка

8 ноември 2024, 14:21
  • cподели

Томислав Ивановски продолжува со својата борба.

36-годишниот Битолчанец, кој остана парализиран на долните екстремитети по тешка сообраќајна несреќа, следниот месец заминува на нов третман во Турција. На неговото семејство потребна му е поголема парична сума за да може да го покрие лекувањето, па да бидеме хумани и да им пружиме наша помош.

Томислав Ивановски

Во изминатите три години, тој имал две рехабилитации во Охрид, 14 месеци бил на рехабилитација со помош на роботика во Ниш и му бил направен еден третман со матични клетки во Турција, кој покажал подобрување.

Томислав сега треба да оди на нов третман со матични клетки во Турција, а за да го направи тоа му се потребни финансиски средства кои неговото семејство не може да ги обезбеди без наша помош.

Неговата сопруга Билјана копнее да го погледне Томче исправен на нозе како чекори со нивните ќеркички, па токму затоа упатува апел за помош до сите хумани луѓе.

„Ова е трета година како поминуваме како семејство низ овој кошмар, но и покрај тоа што нашите финансиски можност сосема се исцрпија, надежта дека Томче ќе прооди тлее и гори во секој еден од нас. Затоа се отвораме кон сите вас добри луѓе, да ни подадете рака и да му помогнеме на Томче да стане.“

„Како сопруга на Томислав немам поголема желба од тоа Томче да се исправи на нозе и да прошетаме заедно со нашите две девојчиња, како што правевме пред сообраќајната несреќа која ни го преврте животот наопаку и ни ја одзеде оваа радост“ – изјави таа за Femina.mk.

Томислав Ивановски

Отворете го вашето срце и донирајте!

Броеви за донации:

А1: 143 466

Телеком: 143 106

Трансакциска сметка:

500600021482490

Томислав Ивановски

Стопанска Банка АД Битола

За донации од странство

IBAN: MK07500080014179095

SWIFT: STBBMK22

Линк за донации на GoFundMe

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.