Викторија и Дејвид Бекам горди родители покрај синот Ромео и неговата девојка Ким на црвениот тепих
Ромео Бекам стана актер. Синот на Викторија и Дејвид Бекам го имаше своето актерско деби на големото платно, а гордите родители го поддржаа на светската премиера на неговиот филм „Forty Love“.
На филмскиот настан во Париз, 24-годишниот Ромео беше придружуван и од неговата девојка Ким Тарнбул, а Викторија не пропушти да му подари силна прегратка.
За свеченоста, поранешната членка на Spice Girls избра црн блејзер со нагласени раменици, црни панталони и чевли со шпиц додека Ким блесна во долг бордо сатенски фустан со гол грб.
По фудбалот и манекенството, Со „Forty Love“ Ромео влегува и во актерските води. Во филмот, тој толкува улога на харизматичен тенисер кој му станува ривал на главниот лик Саша Гало, но нивното ривалство на теренот постепено прераснува во романтична привлечност.