• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

За почит: dm донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

14 септември 2021, 13:47
  • cподели

Компанијата dm донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со оваа донација, компанијата има за цел да придонесе во борбата против коронавирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.

Донација на dm

дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници низ Македонија, меѓу кои: производи за дезинфекција и лична хигиена за Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки (ЗМСТАМ), респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Општа болница во Кавадарци и Клиничката болница во Битола, кислородни концентратори за Општата болница во Велес, како и клима уред и тролеи за пренос на инструменти и апаратура во Институтот за белодробни заболувања и туберколоза во Скопје.

„Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја“, изјавија од компанијата.

Донација на dm

Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Tags
dm
донација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.