Паметни избори за подобар, побрз и поповрзан живот
Крајот на годината носи посебни погодности за сите љубители на уредите на Xiaomi! До 31 декември, корисниците ги очекуваат ексклузивни акции за најновите модели од серијата Redmi Note 14, како и за врвната серија Xiaomi 15T, со фантастични подароци што ја прават секоја набавка уште повредна. Ова е идеална можност да се израдувате себеси или вашите најблиски и да зачекорите во 2026 година со паметна технологија што го унапредува секој ден.
Redmi Note 14 Pro, Redmi Note 14 Pro 5G и Redmi Note 14 Pro+ 5G – Моќ, стил и доверливост
Серијата Redmi Note Pro е креирана за корисници кои очекуваат многу од својот телефон – моќни перформанси, одличен екран, голема батерија и сигурни камери. Овие модели носат совршено избалансирано искуство: флуидна работа благодарение на силните процесори, исклучителен приказ на бои и мазно освежување на екранот, како и батерија која без проблем издржува цел ден активно користење. Камерите се оптимизирани да пружат јасни и остри фотографии во сите услови, што ги прави овие уреди идеални сопатници за секојдневните моменти, работата, патувањата или создавањето содржини.
За време на промотивниот период, купувачите добиваат вредни подароци кои дополнително го подобруваат искуството – Xiaomi 67W HyperCharge Power Adapter за исклучително брзо полнење и Redmi Buds 6 Active слушалки, кои нудат чист звук, моќен бас и издржлива батерија. Во комбинација со телефонот, овие подароци обезбедуваат заокружено, модерно и практично корисничко искуство.
Xiaomi 15T серија – Врвни перформанси со ексклузивни подароци
За оние кои сакаат уште повеќе, тука е серијата Xiaomi 15T. Овие премиум модели носат моќен чипсет, извонредни камери на професионално ниво и голем екран кој пружа беспрекорно визуелно доживување. Серијата 15T овозможува едноставно креирање висококвалитетна содржина, без разлика дали станува збор за фотографии, видеа или секојдневни активности кои бараат брзина и доверливост. Со долготрајна батерија и елегантен, издржлив дизајн, овие уреди стануваат совршени партнери за секојдневниот живот.
Купувањето на моделите Xiaomi 15T во текот на декември носи и два атрактивни подароци: Xiaomi Sound Party, пренослив звучник со моќен звук кој внесува забава во секој простор, и Xiaomi 165W PowerBank од 10.000 mAh, кој овозможува секогаш да имате доволно енергија за сите обврски, патувања и содржини што ги создавате.
Xiaomi – иновации достапни за сите
Xiaomi останува доследен на својата мисија да ја направи технологијата достапна, смислена и корисна. Создава уреди што овозможуваат поповрзан, поинтуитивен и поедноставен секојдневен живот, со екосистем кој работи складно и им пружа поголема вредност на корисниците.
Не ги пропуштајте декемвриските акции – понудата трае до 31 декември, а количините се ограничени. Посетете ги овластените продавачи на Xiaomi и искористете ја можноста да го подновите својот уред со подароци што го унапредуваат вашето искуство и носат уште повеќе уживање во секој ден.