• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

WOW ефект во вашата чанта: dm подарува LED огледало со секоја сметка над 999 денари за шминки и додатоци за шминкање

4 мај 2026, 13:45
  • cподели
dm

Оваа сезона, омилените шминки и додатоци за шминкање носат уште еден убав повод за посета на dm. Под слоганот „Мојот WOW ефект – секогаш со мене“, со секоја сметка над 999 денари за шминки и додатоци за шминкање, купувачите добиваат подарок на каса - практично LED огледало, создадено за секојдневни мејкап моменти, брзи поправки и сигурен изглед каде и да сте. Акцијата трае до 15 мај, односно до истек на залихите.

Компактно, лесно за носење и во нежна розова боја, LED огледалото е практичен додаток што лесно се вклопува во секоја чанта и секоја рутина за разубавување. Кога ќе го отворите, можете да одберете три различни интензитети на LED светло, кои се прилагодуваат според потребите – од дискретна светлина за брза проверка, до поинтензивно осветлување за попрецизно нанесување или поправка на шминката. 

За да го креирате вашиот WOW ефект, во dm можете да најдете внимателно избрани шминки и додатоци за шминкање по секогаш поволни цени, кои лесно се вклопуваат во секојдневната рутина и помагаат изгледот да биде свеж, уреден и блескав во секој момент.

Сјајните усни секогаш даваат впечаток на свеж, хидриран и привлечен изглед, а trend !t up POWER SHINE сјајот за усни кој чини 159 денари, е одличен избор за токму таков ефект. Формулата збогатена со масло од авокадо ги негува усните, додека сјајниот финиш им дава визуелно пополн изглед. Лесно се нанесува и е совршен избор за секојдневен мејкап, но и за моменти кога сакате усните да бидат во фокусот.

trend !t up POWER SHINE сјај за усни

За природно нагласен или подраматичен изглед на очите, alverde палетата сенки за очи, достапна по цена од 249 денари, нуди четири хармонично усогласени нијанси кои лесно се комбинираат. Сенките може да се користат поединечно или заедно, во зависност од посакуваниот изглед, а приложениот апликатор го олеснува нанесувањето.

alverde палетата сенки за очи

За трепки со изразен волумен и подигнат изглед, MAYBELLINE NEW YORK LASH SENSATIONAL BODY маскарата за 545 денари, е производ кој лесно се вклопува во секоја рутина за шминкање. Нејзината специјално дизајнирана четкичка ги подига трепките од корен до врв, додека лесната формула рамномерно ја обвиткува секоја трепка. Отпорна е на размачкување, а волуменот трае до 24 часа.

MAYBELLINE NEW YORK LASH SENSATIONAL BODY маскарата

За изглед на нокти како по посета на салон, trend !t up easy & Speedy лакот за нокти, достапен по цена од 75 денари, носи инстант сјај, интензивна боја и долготрајност до шест дена. Неговата формула придонесува за поголема цврстина на ноктите, правејќи ги да изгледаат поуредно, поздраво и поцврсто. Благодарение на едноставната апликација, овој лак е практичен избор за сите кои сакаат брз, ефектен и уреден маникир во домашни услови, без многу изгубено време и дополнителни чекори.

trend !t up easy & Speedy лак за нокти

Посетете ги dm продавниците, одберете ги вашите омилени производи за шминкање и 
додатоци за шминкање по секогаш поволни цени, и понесете го вашиот WOW ефект секогаш со себе.

Tags
dm

Најнови

  • dm

    WOW ефект во вашата чанта: dm подарува LED огледало со секоја сметка над 999 денари за шминки и додатоци за шминкање

    Mon, 05/04/2026 - 13:45
  • Дали алтернативите се клучот за намалување на пушењето? Новите анализи велат – да

    Mon, 05/04/2026 - 12:37
  • „Зошто Македонија да не ги заштити од зависност и предатори?“: Весна Петрушевска со петиција за ограничување на социјалните мрежи за децата

    Mon, 05/04/2026 - 12:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.