• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Wolt пристигна и во Битола

17 април 2026, 11:39
  • cподели
Wolt

Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и производи преку Wolt, со специјална промотивна понуда за новите корисници и настан по повод лансирањето. 

Wolt, технолошката платформа позната по брза и едноставна достава, официјално се шири и во Битола. Ова проширување доаѓа една година по официјалното лансирање на Wolt во Македонија, каде што досега услугата беше достапна исклучиво во Скопје. Со ова проширување, жителите на градот добиваат уште поудобен пристап до своите омилени локални понуди, директно преку апликацијата Wolt.  

Во Битола, сите нови корисници можат да уживаат во 30% попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава. Целта е да им се даде можност уште од самиот почеток да ја испробаат платформата и да ја искусат едноставната, секојдневна практичност што ја нуди Wolt, поддржана од добар избор на локални ресторани и малопродажни партнери кои веќе се достапни во градот, заедно со низа одлични попусти и промоции. Корисниците можат да имаат придобивки и од Wolt+, претплатничката услуга на платформата, која нуди пониски трошоци за достава и дополнителни поволности дизајнирани да ја зголемат вкупната вредност за корисниците.

Битола

Почнувањето со работа ќе биде одбележано и со јавен настан во Јагода мезе бар, во сабота на 18 април од 12.00 до 16.00 часот, каде посетителите ќе можат да уживаат во пијалаци и закуски, како и во дополнителни изненадувања. Во рамки на настанот ќе биде организирано и „тркало на среќата“, преку кое корисниците што ќе ја преземат или веќе ја имаат инсталирано апликацијата ќе можат да освојат Wolt подароци.  

Со доаѓањето во Битола, Wolt отвора нови можности за локалните бизниси, овозможувајќи им пристап до поширока база на корисници и дополнителен дигитален канал за раст. Воедно, создава и флексибилни можности за заработка за сите оние кои избираат да работат според сопствени услови, додека истовремено придонесува за поголема удобност во секојдневието на жителите.

„Возбудени сме што го носиме Wolt во Битола и што го продолжуваме нашиот раст во Македонија,“ изјави Огњен Љумовиќ, одговорен за продажба и бизнис лидер за Македонија во Wolt. „Со добар избор на локални ресторани и трговци, го правиме секојдневието поедноставно за жителите, а воедно создаваме нови можности за локалните бизниси и за луѓето кои бараат флексибилни начини за заработка.“

Wolt

Ова проширување е дел од пошироките планови на Wolt за натамошен раст на пазарот, а компанијата најавува дека во следните недели ќе продолжи да ја шири својата мрежа и во други средини.  

Tags
Wolt

Најнови

  • dm „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

    dm drogerie markt добитник на признанието „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

    Fri, 04/17/2026 - 13:28
  • Цеце Тодосовска со семејството

    „Не се стремам кон совршенство, се трудам да бидам најдобрата верзија од себе за моите синови“: Цеце Тодосовска за мајчинството

    Fri, 04/17/2026 - 13:20
  • Тамара Тодевска

    Тамара Тодевска слави 25 години кариера со голем концерт и нов албум „Кукла жива“

    Fri, 04/17/2026 - 12:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.