Фотографија од Охридското Езеро е меѓу најдобрите фотографии за 2012 година според „Wall Street Journal“.
На фотографијата се гледа мало рибарско кајче кое плови по мирната површина на убавото езеро во близина на Подградец, Албанија.
Кајче во Охридско Езеро, во близина на Подградец, Албанија. (клик за поголема верзија)
Сината фотографија се најде меѓу 67-те фотографии со најдобар рејтинг на веб сајтот на угледниот американски весник.
Еве ги 10-те фотографии со најголем рејтинг во моментов:
Соларна бура на површината на Сонцето на фотографија од НАСА.
Феликс Баумгартнер скока од „работ на Вселената“.
Приспиена мечка паѓа од дрво на кое побарала засолниште по долго лутање низ Универзитетот Колорадо во Булдер.
Голем „ѕид“ од чад, поради огромен пожар источно од Јума, Аризона.
Бејзбол играчот Коко Крисп дава интервју со пита на лицето, без да знае дека неколку милисекунди подоцна ќе биде потопен.
Земјоделец поминува низ оризово поле во Кина.
Црква ѕирка над снегот во завеано село во близина на Давос, Швајцарија.
Мажи во Пакистан со јажиња се обидуваат да исправат камион со сено.
Американката Габриел Даглас за време на Летните олимписки игри во Лондон.
Работник ги прилагодува жиците за струја во Алахабад, Индија.