• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат „Алкалоид““

7 октомври 2024, 13:15
  • cподели

Децата на вработените заедно со своите родители го посетија производството фармација.

Водени од грижата за човечките ресурси и од континуираните заложби за негување и јакнење на врската меѓу компанијата и вработените, со оваа иницијатива децата на вработените во „Алкалоид“ имаа ретка можност да го посетат производствениот објект фармација во Автокоманда и одблиску да се запознаат со производствените процеси и активности на работните места на нивните родители.

Малите алкалоидовци

Низ организирана прошетка, малите алкалоидовци, преку наративно објаснување со лесен тон на раскажување приспособен на нивната возраст, имаа можност да се запознаат со сите процеси: од почетокот на производството, па сѐ до процесната контрола и пакувањето. Младите истражувачи учествуваа и во практични активности со симулирани контролни тестови и мерења и со мешање течности и бои, наменети да ја разбудат нивната љубопитност. Како и при претходната посета, децата уживаа и во забавниот аспект на настанот, при што се вклучија во групни игри и организирани активности за меѓусебно дружење и зближување, што дополнително го збогати нивното искуство.

Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци

Оваа иницијатива продолжува да биде значаен дел од корпоративната култура на „Алкалоид“, воведувајќи ги децата на вработените во светот на науката и технологијата на забавен и едукативен начин. Овие моменти на заедништво ја дополнуваат визијата на „Алкалоид“ за создавање средина во која вредностите на компанијата се живеат и се споделуваат со идните генерации.

Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци Малите алкалоидовци

Најнови

  • Емина Јаховиќ горда мајка на матурата на синот, Мустафа Сандал пристигна со новата сопруга

    Mon, 06/15/2026 - 13:54
  • Премиера на „Руини“ во Шангај

    Полна сала и гласни аплаузи на светската премиера на филмот „Руини“ на Елена Чемерска во Шангај

    Mon, 06/15/2026 - 13:49
  • Драган Б. Костиќ

    „За мене секогаш ќе остане човекот со најубавата насмевка“: Емотивно интервју со Елена, ќерката на Драган Б. Костиќ

    Mon, 06/15/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.