• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Врвна заштита од сонце за само 289 денари: SUNDANCE млекото од dm е летниот фактор што ви треба

7 јули 2026, 15:17
  • cподели

Летото е создадено за сонце, море, базени и долги денови на отворено. Но, за безгрижно уживање, добрата заштита од сонце не смее да биде случаен избор. Најдобрата вест е што за врвен квалитет не мора да плаќате висока цена. Во dm продавниците, SUNDANCE линијата нуди комплетна нега, од моментот кога ќе излезете на сонце, па сè до вечерната рутина по сончањето, и тоа секогаш по поволни цени.

Издвоивме четири летни фаворити кои нудат одлични перформанси, квалитетни формули и цени што лесно се вклопуваат во сечиј буџет.

SUNDANCE млеко за сончање SPF 30

SUNDANCE млеко за сончање SPF 30, 200мл – 289 денари

Ако барате производ што ќе ве следи низ целото лето, ова млеко за сончање е вистинскиот избор. Со голема амбалажа од 200 мл и цена од само 289 денари, нуди одличен сооднос помеѓу квалитетот и цената. Формулата обезбедува сигурна заштита од штетните сончеви зраци веднаш по нанесувањето, ја хидрира кожата до 24 часа и помага да се спречи нејзиното сушење. Водоотпорната, веганска формула е дерматолошки тестирана и не содржи октокрилен, октиноксат и оксибензон, што ја прави одличен избор за секојдневна летна заштита.

SUNDANCE Sensitive детска крема SPF 50

SUNDANCE Sensitive детска крема SPF 50, 100мл – 199 денари

Кога станува збор за најмалите, заштитата од сонце е уште поважна. SUNDANCE Sensitive кремата со SPF 50 е специјално развиена за чувствителната детска кожа и обезбедува сигурна заштита од првото нанесување. Формулата со витамин Е и глицерин ја штити кожата од сушење, додека широкоспектарната UVA и UVB заштита помага да се спречат изгореници од сонце. Кремата е без парфеми и исклучително водоотпорна, па родителите можат безгрижно да уживаат во летните авантури заедно со своите деца.

SUNDANCE Anti-Age флуид за лице SPF 50

SUNDANCE Anti-Age флуид за лице SPF 50, 50мл – 199 денари

Лицето секојдневно е најизложено на сонце, па затоа заслужува посебна нега. SUNDANCE Anti-Age флуидот со SPF 50 комбинира висока заштита со состојки кои ја негуваат кожата. Хијалуронот и витаминскиот комплекс помагаат кожата да остане хидрирана, а со редовна употреба можат да придонесат за превенција на пигментни дамки и предвремени брчки предизвикани од сонцето. Лесната мат текстура брзо се впива и е одлична подлога за шминка, што го прави идеален и за деновите поминати во град.

SUNDANCE After Sun гел со алое вера

SUNDANCE After Sun гел со алое вера, 200 мл – 99 денари

Добрата летна рутина не завршува кога ќе се вратите од плажа. По изложувањето на сонце, кожата има потреба од дополнителна нега и хидратација. SUNDANCE After Sun гелот со алое вера веднаш ја освежува и смирува кожата, а благодарение на комбинацијата од алое вера, глицерин, пантенол и хијалурон, обезбедува хидратација до 48 часа. Лесната гел-текстура брзо се впива и остава пријатно чувство на свежина, при што помага и да се зачува убавиот летен тен.

Летните ритуали на заштита не се сведуваат само на нанесување крем пред да излезете на сонце. Тие треба да опфатат и правилна заштита за целото семејство, дополнителна грижа за најчувствителните делови од кожата и нега по секој ден поминат на плажа, покрај базен или каде било на отворено. Токму затоа, производите од SUNDANCE линијата се надополнуваат меѓусебно и овозможуваат комплетна летна нега - од првите сончеви зраци до вечерното освежување на кожата. Кога на тоа ќе се додадат докажани формули, одлични перформанси и секогаш поволните цени по кои се препознатливи dm продавниците, изборот станува уште полесен. 

Tags
dm

Најнови

  • 11 дена ги хранеше со мајчино млеко за да преживеат: Мајка и три деца извлечени живи од урнатините во Венецуела

    Tue, 07/07/2026 - 15:23
  • Врвна заштита од сонце за само 289 денари: SUNDANCE млекото од dm е летниот фактор што ви треба

    Tue, 07/07/2026 - 15:17
  • Балфин Групацијата со нов сертификат

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    Tue, 07/07/2026 - 15:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.