„Врескаш од среќа пошто си фатила вакви кадри“: Девојка сподели фотографии од Тоше Проески на неговиот концерт во 2006 година
Пред 20 години, Тоше Проески имаше незаборавен концерт во Античкиот театар во Охрид.
Неговата обожавателка Ема Тодоровска се потсети на музичкиот спектакл на нашиот ангел преку фотографии и видеа од приватната архива. На нив, Тоше со неговата харизматична насмевка ја забавува многубројната публика која ги пееше неговите хитови.
Мојот ✨POV✨ пред 20 години на концертот во Антички театар, Охрид. 🫀
Исто така POV: имаш само 36 пози на филмот, сликаш, а не знаеш што. Идеш во студио, врискаш од среќа пошто си фатила вакви кадри. 🫠 – напиша Ема.
Таа сподели и видеа од концертот:
09.08.2006 , Антички театар Охрид 🫠 – напиша Тодоровска.
Во јуни, Ема сподели уште еден албум од Тоше и напиша:
Тоа е тајниот рецепт: да се раздадеш како оган жив, во секого да ја вселиш истата огнена душа. Само огнот и љубовта не се смалуваат кога им делиш на други, туку се умножуваат.
Дели љубов од вреќата на душата, и таа постојано полна ќе биде. Дели оган од свеќата и таа никогаш нема да згасне, оти ќе продолжи да живее со пламен еднаков во другите свеќи.
Ќерката на математичарот/ 33,33 (Акорд Светлина), Венко Андоновски .
23.06.2006 <3
Тоше почина на 16 октомври 2007 година во Нова Градишка. Имаше само 26 години. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.