• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Време е за промена: Напушти ги секојдневните навики и почни нов живот

17 септември 2019, 10:49
  • cподели

Компанијата dm drogerie markt со својот слоган „Тука сум човек тука купувам“ покажува дека се фокусира на луѓето и на нивни потреби, a во последниот месец на европско ниво почна нова кампања која има за цел и дополнително да ги мотивира потрошувачите.

Менаџерскиот тим вели: „Оваа кампања е многу повеќе од само реклама. Сакаме да бидеме мотиватори и да дадеме импулс за промена со кој ќе го поттикнеме личниот развој на секој човек“

Пред сè, акцентот е ставен на фактот дека само оние кои се подготвени да се променат, можат да го искористат целиот свој потенцијал.

Но, и на суштинската порака: ПРОМЕНАТА ЗАПОЧНУВА ВО МЕНЕ!

Во филмовите најчесто сретнуваме луѓе кои прво се борат со себеси пред да бидат подготвени да го направат првиот чекор и да дозволат реална промена.

Каква улога имаат промените во животот на човекот? Каде почнува промената? Што нѐ спречува да го направиме првиот чекор?

„Само оние кои имаат храброст да тргнат по нови патишта можат да откријат нови перспективи. Само со оттргнување од познатото, можеме да откриеме нови можности кои често ги пропуштаме во секојдневниот живот. Покрај тоа, со напуштање на старите навики и на размислување ја поттикнуваме креативноста и инспирираме нови идеи“ – велат од компанија dm за идејата зад новата кампања.

Но сепак, и покрај многуте причини за промена, таа најчесто и предизвикува страв. Влезот во непознатото и отфрлањето на старите навики значи и напуштање на комфор зоната.

Само оние кои ќе ги победат сопствените внатрешни стравови воедно создаваат простор за напредок, за нова и поинаква иднина во која ќе живеат така како што сакаат. Токму денес е најдоброто време за промена, бидејќи секоја промена почнува само со еден, прв чекор.

Целта на кампањата е да ги мотивира и охрабри сите луѓе кога е во прашање прифаќањето на промените.

Новата кампања се спроведува во 12 земји во централна и источна Европа.

Песната која е користена е „It's a new day“ во изведба на Anouk.

Комерцијален текст

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.