• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Врба“ на Манчевски во американски поход

13 јануари 2021, 10:28
  • cподели

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД. „Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021, и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството. Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“.

Врба

„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ - документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.

Во редовна кино-дистрибуција во САД се прикажуваат релативно мал број странски филмови. Единствени македонски филмови прикажани на редовниот репертоар во Америка се претходните филмови на Милчо Манчевски („Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“ и „Бикини Мун“) како и „Медена земја“.

Врба

Во престојниот период пред номинациите за Оскар, „Врба“ го продолжува фестивалскиот поход, а ќе има и специјални проекции во угледни предоскаровски настани во Њујорк, и Лос Анџелес и Калифорнија.

Исто така, „Врба“ ќе се прикажува и на најреномираниот телевизиски канал за прикажување на филмови, Ејч-Би-О (НВО), каде пред европската публика ќе се емитува повеќе пати во текот на 2021 и 2022 година.

Минатиот месец, „Врба“ имаше и онлајн премиера во Унгарија, каде повторно доби извонредни критики: „Некои слики тешко се забораваат, а повеќе сцени остануваат жигосани во зеницата на гледачот“, „Формалниот јазик на ‘Врба’ се потпира на комплексни, скриени емоции и гестови“ и „Манчевски е претставник на современиот спиритуално-филозофски тренд и автор на универзални теми“.

Врба

Во текот на 2021 година, со реномираниот унгарски дистрибутер „Будапешт филм“ ќе биде организирана и кино-премиерата во Унгарија, а подоцна и стриминг и телевизиско прикажување.

Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно 5 трофеи, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, и се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија, а филмот продолжува со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата.

Tags
Врба
Милчо Манчевски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.