• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Братска љубов: Иван од Германија се врати во Србија за да му донира бубрег на братот близнак

20 октомври 2026, 13:30
  • cподели

Иван Васковиќ допатува од Германија во Србија за да му го спаси животот на својот брат близнак, кој четири и пол години беше на дијализа. Трансплантацијата во Универзитетскиот клинички центар во Ниш помина успешно, а здравствената состојба на Милан веќе покажува значително подобрување.

„Или двајцата ќе бидеме добро, или никој“ – со овие зборови хуманиот Србин ја објасни одлуката да му донира бубрег на својот брат.

Милан со години се соочувал со сериозни здравствени проблеми. По 6 години лекување со медикаменти, неговата здравствена состојба се влошила до степен што морал да започне со дијализа. Пред неколку месеци, поради висок крвен притисок, тој ја изгубил свеста, а тешката здравствена состојба дополнително ја засилила желбата на семејството да му помогне.

Првично, нивната мајка сакала да му го донира својот бубрег, но испитувањата покажале дека тоа не е можно поради состојбата на нејзините крвни садови. Тогаш Иван решил самиот да стане донор.

„Одлуката ја донесов веднаш. Знам дека и тој би го направил истото за мене. Бев на одмор во Ниш кога го доживеа тој тежок напад и половина од одморот го поминав туркајќи го во количка и во кревет низ Клиничкиот центар. Си реков: ‘Ова го видов сега и не сакам никогаш повеќе да го повторам’“ – раскажал Иван за српскиот медиум „Блиц“.

Иако живее исполнет живот со сопругата и малиот син во Германија, тој не можел да остане настрана и да гледа како здравјето на брат му се влошува. За него, дилема немало, а најтешко му било да прифати дека Милан би можел да одбие помош.

„Не би можел да живеам со сознанието дека сум можел да му помогнам, а не сум направил ништо. Кога се обиде да одбие, му реков: ‘Ти повеќе не одлучуваш. Јас донесов одлука и тоа е тоа!’“ – споделил Иван.

Од друга страна, Милан призна дека не му било лесно да ја прифати жртвата на брат му. Најмногу се плашел за неговото здравје, но и за мајка им, загрижен дека евентуални компликации би можеле да ги погодат луѓето кои најмногу му значат.

„Брат ми е единствениот кој ја издржува неговата фамилија, има сопруга и мал син. Се плашев и од непознатото. Четири и пол години сум на дијализа и повеќе се плашев за нив отколку за себе“ – признал Милан.

Трансплантацијата на бубрег била изведена во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде медицинските тимови истовремено работеле во две операциони сали – во едната бубрегот бил отстранет од донорот, а во другата бил подготвен примателот за трансплантацијата.

Операциите траеле околу три часа, а периодот по интервенцијата донел охрабрувачки вести. Според информациите од лекарскиот тим, двајцата браќа се чувствуваат добро, а лабораториските параметри на Милан се подобруваат од ден на ден.

Лекарите апелираат за поголема информираност и отворени разговори за органодонорството, нагласувајќи дека една хумана одлука може да го промени животот на пациентот, но и на целото негово семејство.

Докторот Милан Лазаревиќ на својот профил сподели фотографии и видео и напиша:

ЕДЕН БРАТ ДАДЕ БУБРЕГ. ДРУГИОТ ДОБИ ИДНИНА!

Еднојајчаните близнаци Иван и Милан Васковиќ (44) ја добија најтешката битка! Иван допатува од Германија за да му подари нов живот на својот брат!

Лекарите од УКЦ Ниш успешно извршија трансплантација на бубрег. Креатининот на Милан, кој изнесувал 1.300, падна на помалку од 200!

ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА БРАЌАТА, ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА УКЦ НИШ!

По повеќегодишна пауза, повторно ги воведовме трансплантациите на бубрег од жив дарител. За пет месеци извршивме две!

ЕДЕН ДАРИТЕЛ МОЖЕ ДА СПАСИ ДО ШЕСТ ЖИВОТИ!

Ги повикувам сите граѓани да ја покажат својата хуманост и повеќе да се зборува за дарувањето органи. Една одлука може некому да му даде шанса за нов почеток!

СЕ БОРИМЕ ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ. ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ НЕМА ЦЕНА!

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Juzno (@juzno.rs)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dr Milan Lazarević (@drmilanlazarevic)

Tags
дијализа
трансплантација на бубрег

Најнови

  • Братска љубов: Иван од Германија се врати во Србија за да му донира бубрег на братот близнак

    Tue, 10/20/2026 - 13:30
  • „Езерото ми е во срцето“: Србин со видео од Охрид стана хит, има над 30 милиони прегледи на Instagram

    Tue, 10/20/2026 - 12:40
  • Мајка ѝ почина само 45 дена по нејзиното раѓање: Ќерката на Ена Беговиќ се омажи, татко ѝ ја одведе до олтарот

    Tue, 10/20/2026 - 12:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.