Ксенија Деспотоска е бремена, со слатко видео со сопругот и ќеркичката го откри полот на бебенцето
Ксенија Деспотоска пред два дена сподели дека нејзиното семејство ќе порасне за уште еден мал член, а сега го откри и полот на бебенцето.
Македонската инфлуенсерка сними слатко видео со сопругот Виктор и ќеркичката Надја. Преку бојата во внатрешноста на бела торта тие откриваат дека бебенцето е машко.
„Јас не погодив, вие вчера повеќето погодивте 🤪🩵
Да знаете дека имав исти симптоми како и со Надја, сè ми беше идентично, исто јадев, исти работи не сакав, исто ми беше лошо, па затоа и си мислев дека е пак женско... ☺️“ - напиша таа.
Малата Надја, која ќе стане поголема сестричка, во февруари го прослави првиот роденден.