Војвотката Кетрин беше вистинска дама во црвено додека заедно со кралското семејство учествуваше во кралската пловидба низ Темза, како дел од одбележувањето на дијамантскиот јубилеј од владеењето со Велика Британија на Елизабета Втора.
Војвотката КетринЦрвениот фустан со плисирано здолниште е од еден од омилените модни брендови на Кетрин, Александар МекКвин, и доаѓа од истата дизајнерка којашто го креираше нејзиниот невестински фустан, Сара Бартон.
Принцот Вилијам и Кетрин
За да го прилагоди на приликата, Кетрин го искомбинира со елегантна црвена шапка и обувки во пудра боја, а го комплетира со долги ракави за поофицијален изглед.
Принцот Хари, Кетрин и принцот Вилијам
Изгледот на 30-годишната сопруга на принцот Вилијам буквално мамеше погледи и воздишки, а се разбира и позитивни модни критики.
Набрзо по забележителното појавување на Кетрин, многу модни експерти започнаа да „копаат“ наназад за да пронајдат повеќе информации за нејзиниот моден избор и налетаа на фотографии од Ким Кардашијан во истиот црвен фустан.
Ким Кардашијан и Кетрин
Веднаш започнаа споредби за изгледот на Кетрин и изгледот на Ким, иако нема основа за таква компарација. Според многумина, споредбата на Ким и Кетрин е смешна и очигледен е победникот од стилската војна.
Фотографии од колекцијата на МекКвин „pre-fall“ 2011