• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Водно доби нов парк, од паднатите дрвја од невремето создадени реквизити за моторички развој за децата

26 август 2026, 14:03
  • cподели

Од денес, Водно добива нова, поинаква содржина која ги спојува природата, движењето и грижата за најмладите. 

По силното невреме кое остави зад себе бројни паднати дрвја, дел од нив добија нов живот и наместо да завршат како отпад, беа претворени во реквизити за нов моторички парк.

Просторот е наменет за децата, но и за младите и возрасните кои сакаат да се движат, да вежбаат и да уживаат во природата. Со природни препреки и реквизити, паркот нуди можност за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста и физичката подготвеност.

Како изгледа новиот парк на Водно и што сè е направено, погледнете во објавата на Орце Ѓорѓиевски.

🏞️ Нашето Водно од денес е побогато со нов моторички парк!

❤️ Водно добива нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации.

✔️ Силното невреме што го зафати Скопје остави зад себе големи штети и бројни паднати дрвја. 

Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните.

🫵 Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад. 

Им дадовме нов живот и нова намена.

🧗 Од нив го изградивме новиот моторички парк на Водно - внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. 

Простор во кој децата преку игра ќе ги развиваат своите моторички способности, а младите и возрасните ќе можат да вежбаат, да се рекреираат и да поминуваат повеќе квалитетно време во природа.

🪾 Наместо отпад, создадовме нова вредност. Наместо уништени стебла, создадовме простор исполнет со движење, енергија и живот.

❗️Вакви паркови ќе добијат и Парк шума Гази Баба и Сарај.

🌳 На местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започнеме голема есенска акција за пошумување на нашиот град.

🫵 Ова е само дел од активностите со кои му го враќаме сјајот на Водно. 
Го реконструиравме патот до средно Водно.

Ги уредуваме патеките и ја обновуваме урбаната опрема, која со години беше оставена на забот на времето.

⛑️ Истовремено, на Водно и Матка веќе функционира Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови. 

Со тоа ја подигнуваме безбедноста на сите посетители и создаваме услови безгрижно да уживаат во природата.

💚 Водно е срцето и зелените бели дробови на Скопје.

🫡 Го чуваме, го обновуваме и го развиваме паметно, одговорно и со љубов. 

❤️ Чекор по чекор, создаваме Водно какво што заслужуваат скопјани - безбедно, уредено, зелено и исполнето со содржини за сите генерации - стои во објавата на Градоначалникот на град Скопје.

Tags
Водно

Најнови

  • Водно доби нов парк, од паднатите дрвја од невремето создадени реквизити за моторички развој за децата

    Wed, 08/26/2026 - 14:03
  • Антонијо Милошоски го прослави 10-тиот роденден на најстара ќерка со петте деца и сопругата Симона

    Wed, 08/26/2026 - 13:22
  • Водителката Ивана Јанковска во бикини и летни стајлинзи на одмор во Хрватска

    Wed, 08/26/2026 - 12:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.