Верица Донев ужива во последните денови од летото, а најубавото друштво ѝ е синчето Карло.
Македонската водителка позираше за нежна трудничка фотосесија со 2-годишното детенце. Таа со насмевка си го галеше стомачето додека со нетрпение очекува во нивниот дом да пристигне уште еден мал член.
Споделувајќи ги фотографиите, водителката откри во што е поразлична оваа бременост од првата.
Со втората бременост сфатив дека не мора секогаш да брзам. Дека и јас заслужувам да застанам, да одморам и едноставно да уживам во овој период🤍
Ги броиме последните денови од лето 2026✨🧡 - напиша таа.
Верица, пред три недели, со слатко видео ја сподели убавата вест дека го очекува второто дете со сопругот Гордан.
Донев претходно има зборувано дека ѝ бил отстранет едниот јајник поради гинеколошки компликации и дека стравувала дали воопшто ќе може да има свои деца. За среќа, тие грижи сега се само во минатото.
